Колумни

ИМА ЛИ ИДНИНА ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА?

Во последно време се почесто се зборува за алармантната еколошка состојба во која се наоѓа нашава планета. Се почести се меѓународните он-лајн научни собири на највисоко стручно ниво, посветени токму на овој проблем, за да се спречи натамошното загадување на природата, која што е веќе загрижувачки затруена, за да престане нарушувањето на еколошката рамнотежа, нарушувањето на климата, уништувањето на флората и фауната на копното и во водите, за да не се случи, како краен резултат, да се уништиме и самите себеси. Очигледно е дека опасноста што се закануваше и се заканува од нуклеарна катастрофа е речиси еднаква, ако не и понереална од опасноста од еколошката катастрофа која што може да и се случи на нашата планета Земја. Токму од тие причини Обединетите нации често преземаат акции за заштита на планетава, на нашата природна околина, за да можеме и натаму да опстојуваме во нашата животна средина, организираат конференции посветени на оваа тема и донесуваат специјални протоколи, резолуции и повелби, кои се обврзувачки и треба да ги почитуваат сите држави. Обединетите нации 22 април го прогласија и Ден на планетата Земја, кога се потсетуваме на значењето на животната средина, на еколошката свест, на природата воопшто и на се она што го добиваме од неа, што значи наш живот и опстојување на оваа планета.  

slikicka planet

Повеќе...

Плочата на градот - колумна на Бојан Петровски претседател на МОДОМ

Градот убав пак ќе никне. Скопјани се горди на овие стихови, ги потпевнувавме како деца, ги користиме како возрасни. Главниот град бил синоним на зеленило и квалитетен урбанизам, барем така ми кажувале родителите. Преку 2000 велосипеди “закачени“ пред Градскиот стадион пред натпревар, по натпревар сите во Градски парк, на дружење. Скопје може да се пофали и со импресивни архитектонски дела, говорам за поштата, студентскиот дом Гоце Делчев, просторот на УКИМ и многу други. Главното прашање што треба да си го поставиме е што е тоа планирање на просторот? Не треба да си архитект или премногу стручен за да си одговориш, логично е. Хумано планирање на просторот е одржлива и функционална инфраструктура, плански изградени објекти со пропишани параметри и нормални, зелени површини. Што се случува со градов? Каде е зеленилото од сеќавањата на повозрасните и каде е планирањето на просторот што го говорат експертите?

Б П

Повеќе...

Колумна на М-р Елисавета Марковиќ, член на Централниот одбор на ДОМ: 365 ДЕНА, 16 ДЕНА АКТИВИЗАМ

Во периодот од 25-ти ноември до 10-декември на меѓународно ниво се одвива кампањата „16 Дена Активизам - Обои го светот портокалово“, посветена на борбата против насилството врз жените и девојчињата и семејното насилство. Наведениот период нѐ случајно е избран. Имено, 25-ти Ноември е Меѓународен ден за елеминицаија на насилството врз жените, а 10-ти Декември е Светски ден на човековите права, двата признаени од ОН.

orange

Повеќе...

ЕНЕРГЕТСКА ТРАНЗИЦИЈА, ЛУКСУЗ ИЛИ ПОТРЕБА - Колумна на Елисавета Марковиќ, член на Централниот одбор на ДОМ

Загрижувачка и повеќе од алармантна е сосотојбата со водосотојот на езерата и реките во нашата држава. Сведоци сме на интензивното намалување на водата во Преспанското Езеро, кое практично исчезнува пред нашите очи, а не помалку видливо е и намалувањето на водостојот на Охридското и Дебарското Езеро. Покрај економската експлоатација на водите од нашите природни капацитети, дополнително за неповолната состојба со водостојот имаат климатскте промени чие влијание во континуитет предизвикува неповратни промени врз животната средина и биодиверзитетот.

90707500 10219771899079209 6523136590464679936 o

Повеќе...

Колумна на Елисавета Марковиќ - член на Централниот одбор на ДОМ

М-р Елисавета Марковиќ[1]

         

Значењето на Етичкиот кодекс на архивистите

Апстракт

Целта на статијата е во кратки црти да направи осврт за важноста на дејноста на архивите и архивските институции како и значењето на архивската професија и постапувањето на архивските работници при ракувањето со архивските материјали и фондови. Работата на архивите и архивистите е високо одговорна, специфична и пропишана со низа законски одредби, начела и стандарди. Едно од начелата преку кое се детерминира постапувањето на архивските работници е Етичкиот кодекс на архивистите. Тоа е основно четиво за сите професионалци кои кон оваа професија пристапуваат со големо внимание и свесност за значењто и последиците при ракувањето, чувањето, заштитата и безбедноста на архивските записи, збирки и фондови.

Повеќе...

д-р Емил Крстески, член на Извршен одбор на ДОМ: Државниот архив – столб на националниот идентитет

Развојниот пат на архивската дејност во Македонија е во непосредна врска со историјата на Македонија и македонскиот народ.

Зачетоците на архивска дејност на почвата на Македонија може да се бараат уште за време на античкото кралство Македонија, кога таа граѓа била чувана во познатиот Александриски архив. Во денешно време, со својата современа организираност и програмска ориентација, Државниот архив претставува мошне значајна историско-научна и културна институција, која што е една од главните столбови на нашиот национален идентитет, што ги чува и заштитува архивските документи и материјали и претставува ризница на колективната меморија и на националните вредности на македонскиот народ, најмногу поради тоа што го поврзува минатото со денешнината и создава основа и траен белег за нашата национална свест.

Државниот архив на Република Северна Македонија денес претставува  современа архивска институција, со статус на управна организација, која врз научно-стручна основа врши инспекциски и експертски надзор врз работата на имателите и од нив го прима, го заштитува, го средува и обработува, го публикува и го дава на користење архивскиот материјал.

emil skrsteski arhiv1

Повеќе...

Колумна на Д-р Христина Оџаклиеска, член на Извршен одбор на ДОМ

Економските активности ги создал човекот за задоволување на сопствените потреби. Помеѓу економските активности и природата постои тесна врска, првенствено заради зависноста од природни ресурси. Од тука, економските претпријатија ги набљудуваме како отворен систем во кој постои проток на ресурси. На влезот во системот ресурсите влегуваат како примарна или секундарна влезна суровина, а излегуваат во форма на производ и отпад. Отпадот се враќа назад во природата, исто како и производот, по завршувањето на неговата употреблива вредност.

hristina

Повеќе...

Ден на животната средина, колумна на Слаѓана Стаменкова, претседателка на Комисијата за екологија на ДОМ

Од 28 мај до 05 јуни се одбележуваат денови на животната средина. Светскиот ден на животната средина што го одбележуваме на 5 јуни е под мотото - ВРЕМЕ Е ЗА ПРИРОДАТА.

сладјана.jpg

Повеќе...

Колумна на Бојан Петровски, Претседател на МОДОМ: Колективна свест

Прв училишен ден, прво одделение, наставничката го поздравува класот преполн со идни интелектуалци, многу мали, ама наредна генерација која ќе биде темел и движечка сила во општеството. Ги поздравува и се претставува, им објаснува зошто секој еден од нив е одговорен за своето другарче, им објаснува кои се правилата на класот, им објаснува дека тимскиот дух е најважен. Наставничката им објаснува на многу „пластичен“ јазик, лесно разбирлив за мали дечиња, но дечињата по некое време развиваат колективен тимски дух и почнуваат да се групираат и на несвесен начин го ставаат своето одделение пред се, ги почитуваат правилата за сите од одделението ја добијат наградата, наградата е мала, уште еден час меѓусебно дружење.Бојан-Петровски.jpg

 

Повеќе...

Светлана Станојковска, советничка од ДОМ во Пробиштип: Со здрава исхрана до добро здравје

Со ширењето на коронавирусот во светот и кај нас, луѓето остануваат дома со недоволна физичка активност и лоши прехрамбени навики што преставува и ризик за здравјето.

Во ова време на пандемија особено е важно да конзумираме здрава храна за да го зајакнеме нашиот имунитет.

93998050 2707937629422682 8665945024829063168 n

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl