Формирање на ДОМ
25.11.2005 Иницијативен состанок, Клуб на пратеници
26.11.2005 Иницијативен одбор за формирање на ДОМ, Музеј на Град Скопје
28.01.2006 Основачко собрание на ДОМ, Македонска опера и балет
23.03.2006 Формирање Совет на ДОМ
16.04.2006 Формирање Младинска организација на ДОМ – МОДОМ
07.05.2006 Формирање Форум на жени на ДОМ
01. 06.2006 Формирање 43 општински јадра на ДОМ
Избори
Парламентарни 2006, самостоен настап, слоган Да се остане човек, освоени гласови за тројца, избран 1 пратеник – Лилјана Поповска;
Вонредни парламентарни 2008, во коалицијата За подобра Македонија, паралелна кампања на ДОМ со слоган За зелена Македонија, 1 пратеник;
Локални 2009, во коалицијата За подобра Македонија, паралелна кампања на ДОМ, со слоган Следи го зеленото, 1 градоначалник – Јорданчо Лефков од Чешиново - Облешево, 22 советници;
Вонредни парламентарни 2011, во коалицијата За подобра Македонија, паралелна кампања на ДОМ, со слоган Зеленото е зрело, 1 пратеник;
Локални 2013, самостоен настап со слоган Избери зелено, диши слободно, 10 советници и 25.000 гласови.
Парламентарни и Претседателски избори 2014, настап со коалицијата За подобра Македонија, 1 пратеник
На седницата на Централниот одбор на ДОМ одржана на 7.05.2015 беше разгледана актуелната политичка ситуација и беше донесена одлука за излегување од владината коалиција.
На Парламентарните избори одржани на 11 декември 2016 година, со победничката коалицијата За живот во Македонија, ДОМ освојува две пратенички места, Лилјана Поповска и Маја Морачанин.
На Локалните избори одржани на 15 октомври 2017 година, со коалицијата Живот во Македонија за сите, ДОМ освојува 21 советничко место.
Конгреси, годишнини, промоции на изборни програми
28.01.2006 Прв Конгрес на ДОМ со Програмски определби и Статут на ДОМ, МОБ;
27.03.2006 Изборна програма на ДОМ 2006 – 2010, Холидеј Ин;
03.06.2006 Претставување на кандидати за пратеници на ДОМ со слоган Да се остане човек, МОБ;
10.02.2007 Прва годишнина на ДОМ, со слоган Има луѓе, МОБ;
24.02.2008 Втора годишнина на ДОМ со Зелен манифест, МОБ;
14.03.2009 Трета годишнина на ДОМ со Зелена програма за локални избори, со слоган Следи го зеленото, Холидеј Ин;
06.03.2010 Втор конгрес на ДОМ и Четврта годишнина, со промоција на Партиската програма 2010 – 2014, слоган Зеленото е зрело, Кино Милениум;
01.03.2011 Петта годишнина на ДОМ со Извештај за 5 години ДОМ – Следи го зеленото, зеленото е зрело, Музеј на Град Скопје;
04.03.2012 Шеста годишнина на ДОМ со промоција на Платформа за зелени општини, Холидеј Ин;
07.03.2013 Седма годишнина на ДОМ со промоција на кандидати за советници, Изборна програма за локалните избори 2013 и слоган Избери зелено, диши слободно, Холидеј Ин;
21.12.2014 Трет Конгрес на ДОМ, со слоганот Зеленото обединува!, Лилјана Поповска повторно избрана за претседателка на партијата, усвоен Извештајот 2010-2014, Програма 2014-2018, измени и дополнувања на Статутот и 2 резолуции: Резолуција за забрана на користењe одгледување, производство и трговија со генетски модифицирани организми (ГМО) на територијата на Република Македонија и Резолуција за активирање и зајакнување на младите во Република Македонија.
28.11.2018 Четврти Конгрес на ДОМ, со слоганот Зелени вредности - трајна визија!, за нова претседателка беше избрана Маја Морачанин, беше усвоен Извештајот за работата на ДОМ 2014-2018, објавен Преглед за спроведување на програмските заложби на ДОМ (2014-2018) - 5 Зелени приоритети. Усвоена е Програмата за работа на ДОМ (2018-2022)