bosco-verticale-vertical-forest

Милано ужива во првата грандиозна вертикална шума. Проектот вертикална градина или „Bosco Verticale“, дизајниран од архитектонското студио „Boeri“ и изведен од „Hines“, вклучува две станбени згради високи 110 и 67 метри, на чија фасада се поставени по целата должина дрвја и зеленило.

Поконкретно, на објектие се засадени 900 дрвја со висина од 3 до 6 метри, 5000 грмушки и над 11000 цвеќиња кои ќе го раззеленат, разубават просторот и ќе внесат доза свежина не само за жителите во зградите туку и за целиот кварт.

1

2

Проектот дава предлог и идеја како да се внесе повеќе зеленило во градот и како Милано, кој се наоѓа високо на листата на најзагадени градови во Европа, да понуди решение за справување со загадувањето. Вертикалната шума има за цел да постави нови стандарди на одржливото домување и е изведена во соработка со структуралните и геотехнички дизајни на компанијата „Arup“ и со консултации од многу професионални сервиси за акустика, тектонски вибрации и врева. „Arup“ овозможи и напредни дизајн-решенија поврзани со влијанието на двата подземни железнички тунела на просторот, со цел да се обезбеди квалитетен изолациски систем на зградите.

8

6

Станбените згради со вкупна површина од 40000 метри квадратни се предвидени да бидат почеток на регенерацијата на урбаната средина на Милано. Дизајнерите целат со проектот да поттикнат поширок урбан биодиверзитет на територијата на овој град на кој му се заканува прогресивно загадување.

5

7

Зградите се состојат од еднособни и двособни апартмани, дуплекси и поткровја, кои се карактеристични по големи конзолни балкони, се издолжуваат на 3,35 метри кон надворешниот дел и се покриени со зеленило, благодарение на кое не само што се зголемува нивото на кислород и влажност во воздухот туку и се апсорбира јаглеродниот диоксид и на честичките прашина, со што се подобрува средината. Иновативниот проект „Bosco Verticale“, кој за дизајнерите и архитектите претставувал голем предизвик, е дел од комплексот „Porta Nuova Isola“, кој вклучува редизајн на индустрискиот кварт на Милано.

4

3

Извор: Design.mk