Feldheim-energy-Germany-20110620182.jpg

Ако ги прашате жителите на Фелдхајм со еден збор да го опишат  местото во кое живеат, тогаш ќе добиете единствен одговор, а тоа е – Тишина! Селото,  е лоциранота 60 км југозападно од престолнината Берлин  и има скромни 128 жители. Над површината на земјата не се гледа многу, но ова село под земја има цела мрежа на електрични кабли и цевки за загревање, целосно придвижувани од обновливи извори на енергија.

Петра Рихтер има 51 година, таа целиот свој живот е во ова село, а доделена и е улога на своевиден селски  началник. Таа вели, дека е неверојатно што во кус временски период граѓаните се организирале заеднички да придонесат за Еко идејата во ова село, да стане реалност. Г.ѓа Рихер додава, дека сите се исклучително горди на она што го постигнале во Фелдхајм.

ОД ВЕТЕР ПРЕКУ БИОГАС ДО ЕНЕРГИЈА ОД СОНЦЕТО

feldheim_treuenbrietzen_sign.jpeg

Приказната за ова енергетски независно село почнува во 1995 година, кога инжинерот и локален претприемач Михаел Рашман, предлага подигање на четири ветерни турбини, на земја во сопственост на локални земјоделски коооперации. Релативно рамниот  и ветерен терен бил идеален простор за ваков проект. Идејата е прифатена, и денес во селото има 47 ветерни турбини. Повеќе од  доволно да ги снабдува своите жители,  заради што селото Фелдхајм вишокот на произведена струја ја продава на пазарот за електрична енергија.

Успехот на ветерната фарма, ги мотивираше жителите и за нови проекти. Воочи кризата со високите цени на енергенси во светот, но и релативно евтината цена на житните култури, жителите на Фелдхајм носат нова одлука. Во селото да се гради фабрика за производство на Биогас. Овој производен погон денес, ги претвора остатоците од силажни култури и отпадот од животинските фарми  во метан, кој потоа произведува топлина  што ги загрева куќите во селото.

Во 2008 година, приказната се надополнува со соларна електрана, лоцирана на плац од поранешна воена база на Советскиот Сојуз. Електраната денес произведува струја за 600 домаќинства.

Но, и покрај овој динамичен развиток на проектите базирани на обновливи извори на енергија, селото Фелдхајм сеуште се соочуваше со законски пречки на патот кон својата енергетска независност. Германската национална електро компанија Е.ОН одбиваше да издаде дозвола со која би го откупувала вишокот произведена електрична енергија од Фелдхајм.

Решението, жителите го наоѓаат преку создавање на сопствена и независна енергетска мрежа која е завршена во 2010 година. Проектот за независна мрежа бил финансиски потпомогнат од локални енергетски фирми, субвенции од ЕУ , кредити, но и донации од околу 3000 евра за секој жител во Фелдхајм.

Селото Фелдхајм,  денес е прогласено за целосно ослободено од јаглеродни загадувања, а цените за електрична енергија се пониски за една третина од порано.

Но, законските предизвици сеуште остануваат. Германските закони предвидуваат, обновливите извори добиени на овој начин, да ги користат само приватните сопственици кои и ги произвеле. Селаните се надеваат дека овие правила наскоро ќе се променат во корист на сите идни корисници.

НОВИОТ ЕКО ПРИМЕР?

solarvilage.jpg

Големото  медиумско внимание  кое го доби селото Фелдхајм за жителите донесе  и друг бенефит - туризмот. Селаните велат, годишно во просек имаат околу 3000 посетитители, главно жители од Јапонија, земја која забрзано бара начини за алтернативни извори на енергија соочена со катастрофата во нуклеарната централа Фукушима. Лин Харви, активист за одржлив развиток од Австралија која неодамна го посетила Фелдхајм, вели дека е импресионирана од создавањето на сопствена енергетска мрежа во селото. Харви потенцира,  дека климатските промени се предизвик со кој потешко се соочуваат Владите отколку самите граѓани, посочувајќи го активизмот и свеста на жителите на ова мало село.

,,Токму затоа, иднината на промените ќе биде во рацете на луѓето. Сите ние мора да учиме едни од други и од добрите примери како овој,  во селото Фелдхајм во Германија,, - потенцира Лин Харви.

И ДОМ посветува особено внимание на промоцијата и користењето на обновливите извори на енергија, за почиста животна околина. Повеќе за нашата програма дознајте на ТУКА.

 

Линк кон оригиналниот текст:

http://www.dw.com/en/feldheim-germanys-renewable-village/a-18466800

 Александар Ивановски

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета