Трибини

На Скопје итно му треба Зелен катастар

15.07.2011

Од тркалезната маса во организација на ДОМ на тема „На Скопје итно му треба попис на зеленилото – зелен катастар“ произлегоа следниве заклучоци: постигнување на стандардот од 25м2 зелена површина по жител, како во новиот ГУП, така и во пракса; формирање Координативно тело за изработка на зелен катастар на Скопје, кое ќе иницира тематски  работни групи.

Повеќе...

Еколошката култура – начин на размислување и стил на живеење во 21 век

20.04.2011

Зелената опција е многу повеќе од политичка тема, таа е начин на живот, поинакво разбирање на светот. Таа треба да ни даде насоки кон едно одржливо општество, не само во Македонија, туку на планетрано ниво. Морална должност и одговорност на човекот е да овозможи здрав, достоинствен и убав живот. Должност на родителите и педагозите  е да ги воспитуваат децата во духот на слободата, рамноправноста, демократијата и креативноста, за да стекнат свест за лична и колективна одговорност,  поскромни економски потреби и желби во духот на одржливоста и опстанокот на човечкиот род.

Повеќе...

Зелената политика нуди одржливост на системот човек-природа-општество

DOM zname

На изборите настапуваме самостојно, за поблиску да им ја претставиме на гласачите зелената опција. Зелената политика нуди одржливост на системот човек-природа-општество. Таа тријада овозможува да се постигне поголема социјална правда и одржлив економски развој.

Повеќе...

Како до помали сметки за електрична енергија во индустријата и домаќинствата- начини, средства и прописи

 DOM zname

Почитувани,

Комисијата за транспорт и врски при ДОМ, Ве поканува на трибина на која ќе дискутираме за поволностите од користењето на сончевата енергија.

Повеќе...

На Скопје му треба градски архитект: Дебата за предлог измени на Законот за Град Скопје и Законот за локална самоуправа

DOM zname

ДОМ смета дека на Скопје му треба градски архитект, а на градовите општински архитекти. Се залагаме нашите градови да добијат урбанистички решенија проткаени со знаење и дух, да станат простори по мерка на човекот, како што се Стокхолм, Копенхаген, Москва, Рига...

Предлагач:Лилјана Поповска, претседател на ДОМ и пратеник во Собранието на РМ.

Воведничари:

  • Лилјана Поповска – Воведен говор
  • Д–р. Александар Андовски – Искуствата на европските градови со градските архитекти
  • Проф. д-р. Владо Поповиќ – Законска регулатива

Трибината ќе се одржи во петок, 11 март 2011, во 12.30 часот во Клубот на пратениците.

Законодавството и актуелните состојби во високото образование и науката

DOM zname

Европа ја профилира науката како фундаментален аспект на развојот на општеството. Новите технологии се основа на општествениот и економскиот развој. Токму затоа и Европскиот Совет во дефинирањето на европските стратешки цели ќе каже дека ЕУ треба да стане најконкурентна и најдинамична економија на светот која се темели на знаење, способна за самоодржлив економски развој со бројни и подобри работни места и со поголема општествена поврзаност. Науката и високото образование треба да бидат движечката сила и на Македонија, беше кажано на трибината на ДОМ на тема „Законодавството и политичките состојби во високото образование и науката“.

Повеќе...

Комплицирани административни процедури и високи казни за неликвидно стопанство

DOM zname

Комплицирани административни процедури и високи казни за неликвидно стопанство

  • ·Оправдано или не
  • ·Праведно или неправедно
  • ·Добро или лошо

Повеќе...

Како во судска постапка да се докаже мобингот

DOM zname

На денешната трибина насловена „Како  во судска постапка да се докаже МОБИНГ-от“ ( психичко вознемирување на работно место) се дискутираше за имплементација на законските одредби кои ја третираат оваа проблематика, а се вметнати во Законот за работни односи и  со кои се санкционира мобинг - психичко вознемирување на работно место, донесен на 10.09.2009 година, по предлог на пратеничката Лилјана Поповска, а по иницијатива  на ФОРУМОТ НА ЖЕНИ на ДОМ.

Повеќе...

Зелената политика во Европа и во Македонија – резултати и перспективи

DOM zname

По повод гостувањето на претставници на Европските Зелени, ДОМ одржа  трибина на тема „Зелената политика во Европа и во Македонија – резултати и перспективи“. Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска,  поздравувајќи ги гостите ја истакна важноста на оваа посета, која значи унапредување и подигнување на нивото на соработката и релациите на ДОМ со Европските Зелени која започна уште минатата година.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета