tribina

Трибина: Буџетски средства за зелена економија преку зелен финансиски пакет!



Одржана во Хотел Холидеј Ин, Скопје, на 28.10.2010 (четврток)
Разгледувајќи го Буџетот на РМ за 2011 г., ДОМ како зелена партија на денешната трибина излезе со две барања:

1.
Видлив зелен пакет, во кој ќе бидат содржани веќе издвоените средства за зелените политики од сите министерства и други државни институции од предложениот буџет за 2011. ДОМ бара таксативно да бидат наведени средствата од Буџетот наменети за следниве области: животна средина, обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, производство на храна, алтернативен туризам, еколошки транспорт, водостопанство, шумарство.


Ова е потребно за да може да се следи и контролира висината на средствата наменети за зелени политики и начинот на нивното трошење, за да не се случи на крајот на годината да бидат пренасочени за други намени. Овој зелен пакет кој сега ќе се дефинира би бил основа за понатамошен развој и спроведување на зелените политики во економска смисла.

2. ДОМ бара нови средства за посебна владина
Програма за животна средина, покрај постоечките 11 (децентрализација, економски развој, реформа на здравството и др). Со оглед на тоа што Владата ја има декларирано екологијата како еден од нејзините приоритети, ваквата Програма ќе биде можност за обезбедување дополнителни средства однадвор за донации и меки зелени кредити.

Во рамките на оваа Програма за животна средина, треба да се смести и
Фонд за животна средина и енергетска ефикасност(не како институционална форма, туку како прибрани финансиски средства по разни основи, наменети за унапредување на животната средина) за кој ДОМ се залага веќе подолго време.


Со почит,
Сектор за односи со јавноста на ДОМ