28.09.2012

Париз како примерен еколошки град во 2020 година, со 30 % намалено зрачење, 30 % намалена потрошувачка на енергијата во градските објекти и од јавното осветлување и 30 % енергетски потреби задоволени од обновливите извори на енергија – тоа се целите на Климатскиот план на Париз, стратегиски документ кој го предложија француските Зелени, а беше едногласно усвоен во Градскиот Совет на Париз. За овие планови и остварените резултати од партиципацијата на Зелените во париската локална самоуправа на трибината што ја организираше ДОМ зборуваше заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, Македонец роден во Франција, член на француските Зелени.

Париз како примерен еколошки град во 2020 година, со 30 % намалено зрачење, 30 % намалена потрошувачка на енергијата во градските објекти и од јавното осветлување и 30 % енергетски потреби задоволени од обновливите извори на енергија – тоа се целите на Климатскиот план на Париз, стратегиски документ кој го предложија француските Зелени, а беше едногласно усвоен во Градскиот Совет на Париз. За овие планови, но и за остварените резултати од децениската партиципација на Зелените во париската локална самоуправа денеска на трибината што ја организираше ДОМ зборуваше заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, Македонец роден во Франција, член на француските Зелени.

Најдовски истакна дека особено внимание се посветува на јавниот превоз, проширувањето на мрежата на метроата, воведувањето на нови трамвајски линии, јавниот градски сервис за изнајмување на околу 20.000 велосипеди на 750 пунктови во градот, продолжување на велосипедските патеки за 22 км, достапност на јавниот превоз во доцните ноќни часови, определување на повеќе сообраќајни ленти за јавниот превоз, како мерки за одржлив транспорт во Градот на светлината.

28.09.2012 2

Градот Париз исто така инвестира во термичко реновирање на 600 јавни училишта и 4500 социјални станови годишно, како и во изградба на нови градинки за да им овозможи на сите вработени родители решение за чување на нивните деца додека се тие на работа. За оваа цел, Градот издвојува 60 милиони евра годишно или 400 милиони евра во целиот мандат. Особено внимание Градот посветува на одржувањето на постоечките и наоѓање локации за нови зелени површини кои го заштитуваат здравјето на населението од загадувањето. Целта е да се испочитува стандардот од 10 метри квадратни зеленило по жител кој го пропишува УНЕСКО.

Лилјана Поповска, претседател на ДОМ, како организатор на посетата на г. Најдовски на Скопје, истакна дека овие примери се навистина илустративни и го покажуваат патот по кој треба да се движи и нашиот главен град, Скопје. Одржливиот развој на градот кој ќе го подобри квалитетот на живеењето на неговите жители е целта кон која и ние треба да се стремиме.

Стево Темелковски, заменик министер за животна средина и просторно планирање во таа смисла ги предочи напорите и мерките на МЖСПП, истакнувајќи дека економскиот развој никогаш не смее да биде на штета на природата и квалитетот на здравјето и животот на граѓаните.

28.09.2012 3

Заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски е роден и живее во Париз, како припадник на втората генерација на иселеници од Македонија. Неговите родители во Париз дошле во 1968 година од Битола, но врската со родниот крај никогаш не ја прекинале. Кристоф Најдовски е член на Зелената партија на Франција од 1993 година, а од 2001 е во градската власт, прво како советник, кој се залагал во сферата на животната средина, транспортот и превозот и урбанизмот, а потоа и како заменик градоначалник на Париз од 2008 година. Негов сектор на надлежност, како заменик градоначалник се предучилишните установи, нивниот развој и одржување.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета