Соопштенија

ДОМ: Европските зелени усвоија итна Резолуција за отпочнување на пристапните преговори на Македонија со ЕУ

European Greens DOM Flags

На 30-тиот Совет на Европските зелени кој се одржа од 08-10 ноември во Тампере, Финска беше усвоена итна Резолуција за отпочнување на пристапните преговори на С. Македонија и Албанија со ЕУ. Во Резолуцијата се истакнува:

Повеќе...

ДОМ - ДОМАЌИН НА СЛЕДНИОТ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИТЕ ЗЕЛЕНИ

74466779 1432759886873606 7542772761521815552 n 3

Зелената партија ДОМ ќе биде домаќин на следниот Совет на Европските зелени, кој ќе се одржи во Скопје, во мај идната година. Со оваа одлука, Европските зелени и оддаваат посебно признание на македонската зелена партија ДОМ за заложбите и активностите за развој на зелените вредности.

Повеќе...

ДОМ: Европските Зелени предлагаат итна Резолуција за Македонија

74466779 1432759886873606 7542772761521815552 n 3

Делегација на зелената партија ДОМ, предводена од претседателката Маја Морачанин, во која се и потпретседателите Мирослав Богдановски и Ана Петровска и претседателот на Комисијата за надворешна политика Емил Крстески, учествува на 30-тиот Совет на Европските зелени во Тампере, Финска.

Повеќе...

ДОМ: Потребна е зелена, а не градежна експанзија во Расадник

Rasadnik

Зелената партија ДОМ, остро се спротивставува на предложениот ДУП за Расадник. Апелираме до сите советници во општина Кисела Вода, да го следат јавниот интерес за хумано и квалитетно живеење и да не го усвојат ДУП-от.

Повеќе...

ДОМ: Каков отпад се складира во Дрисла?

domzname
По раширените информации по социјалните мрежи дека една од причините за
аерозагадувањето е увоз, складирање и горење на опасен отпад во Македонија,
зелената партија ДОМ јавно бара одговор од надлежните институции. Тоа се:
Министерството за животна средина со Управата за животна средина, Инспекторатите
за животна средина, Министерството за економија, „Дрисла“, и Царинската управа.
 

Повеќе...

ДОМ: Со новиот Правилник, построги казни за загадувачите на воздухот

makstil jugohrom

Новиот Правилник за граничните вредности за дозволените нивоа на емисии и видови на загадувачки супстанции во отпадните гасови и пареи кои ги емитираат стационарни извори во воздухот овозможува инспекторите построго да ги санкционираат загадувачите на воздухот. Зелената партија ДОМ бара од државниот, градскиот и општинските инспекторати, засилени инспекциски контроли и санкционирање на загадувачите. Тоа ќе овозможи намалување на аерозагадувањето и заштита на здравјето на граѓаните.

Повеќе...

ДОМ: Правилникот за урбано зеленило доследно да се применува

domzname

Локалните советници од зелената партија ДОМ, до секторите за урбанизам во општините и градот Скопје, ќе го достават Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото, кој стапи на сила на 08.10.2019 година. ДОМ бара доследна примена на овој Правилник како подзаконски акт на Законот за урбано зеленило, при изработка на идната планска документација и издавањето на дозволите за градба.

Повеќе...

ДОМ: Европските зелени со силна поддршка за европската интеграција на Македонија

European Greens DOM ZNAME

Зелената партија ДОМ им се заблагодарува на европратениците од Европската зелена партија за поднесената иницијатива за дебата и усвојување Резолуција за историската грешка за неотворање преговори со С.Македонија и Албанија, во европскиот парламент.

Повеќе...

Чествување на 23 Октовмри - Ден на македонската револуционерна борба

Praznik 23 Oktomvri 2019

Делегација на ДОМ предводена од претседателката Маја Морачанин, Љупчо Јаневски, генерален секретар и Нада Пешева, член на Извршниот одбор на ДОМ, по повод празникот 23 Октомври-Ден на македонската револуционерна борба, положи свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Повеќе...

Поповска во Европскиот Парламент против насилство врз жените и сексуална експлоатација

Liljana Popvovska Brisel

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, учествува на неделата на борба против насилство врз жените и сексуална експлоатација, во Брисел, од 14ти до 17ти октомври, организирана од Европското женско лоби.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета