Соопштенија

Млади садници за зелена иднина на Куманово

 

Mladi_sadnici_Kumanovo

 

 

 

 

 

 

 

 

Општинската организација на ДОМ од Куманово организираше еколошка акција на која на граѓаните на Куманово им беа подарени млади садници. Целта на оваа акција беше да се подигне свесноста за еколошките потреби  на граѓаните и да им се доближат зелената зелените политики за кои се залага ДОМ. 

Повеќе...

ДОМ на изборите 2011 во коалицијата „За подобра Македонија“

Popvska_i_Gruevski

 

 

 

 

 

ДОМ се приклучи кон коалицијата, откако претходно двете партии се договорија во програмата на идната влада да бидат вградени заложбите на ДОМ, како зелена партија: унапредување на животната средина, преку современо управување со природните ресурси; имплементирање на програмите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност; гаранција дека идната влада нема да се гради нуклеарна централа; силна поддршка за развој и промоција на туризмот преку буџетски средства и кредити; ратификација на Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп и донесување системски закон за лицата со хендикеп и силна поддршка на науката.

Повеќе...

ДОМ: Повод преминувањето на советникот во СДСМ

DOM zname

Во врска со преминувањето на советникот од ДОМ во СДСМ, ДОМ, како зелена партија, смета дека преминувањето на некој партиски член во редовите на некоја поголема партија се прави од чисто материјални побуди. ДОМ ќе продолжи одговорно и посветено да ги спроведува зелените политики.

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ

Претседателката Поповска во посета на Грчките Зелени во Атина

Liljana Popovska

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска, на покана од грчката зелена партија Екологисти Зелени и европратеникот Михалис Тремопулос , денеска престојуваше во Атина. Ова е една од ретките посети на македонски политичар на Грција, но оваа посета го потврдува фактот дека зелената политика ги обединува политичарите кога станува збор за заштитата на животната средина и безбедноста  на регионот.

Повеќе...

ДОМ ја претстави својата економска програма пред членовите на УО и ССК

 
 

ssk

 

 

 

 

Економската програма на ДОМ за предвремените парламентарни избори е квалитетна и е слична и компатабилна со барањата на Сојузот на стопански комори, оцени претседателот на ССК, г-дин Златко Калеников, при што додаде: „Енергетската ефикасност е едно од најголемите барања што ние го поставуваме како ССК. Трговскиот дефицит најмногу се остварува преку енергијата, втора е нафтата, а потоа доаѓаат моторните возила. Исто така, грижата за животната средина треба да ја почувствуваат сите туристи што ќе ја посетат земјава.“

Повеќе...

Предлог Декларација за унапредување на положбата и правата на Ромите

 
 

slikasobranie

ДОМ преку претседателката и пратеничка во Собранието на Република Македонија, Лилјана Поповска, поднесе предлог декларација за унапредување на положбата и правата на Ромите. Оваа предлог декларација доаѓа како одговор на  состојбата на Ромите во поглед на нивната материјална положба и услови на живеење, но и на остварувањето на нивните права во нашата земја и во другите земји каде што живеат.

Повеќе...

Реакција на написот во рубриката острилка во весникот Време

DOM zname

Почитуван г-н Геровски

На самиот почеток од овој одговор на вашиот напис во дневниот весник Време, Демократската обнова на Македонија (ДОМ) Ви се заблагодарува што, како почитуван и реномиран новинар,  ги следите нашите активности.

Повеќе...

Задоволство од одлуката да се додели визна либерализација на Македонија

DOM zname 

Во одлуката на Министрите за надворешни работи на ЕУ, Република Македонија е многу јасно потенцирана, како единствена земја од Западен Балкан која во целост ги исполнила строгите критеруми за визна либерализација поставени од ЕУ и дека со сигурност на почетокот на идната година Македонија ќе биде ослободена од оваа бариера.

Повеќе...

Декларација за зелени општини во Република Македонија

DOM zname

ДЕКЛАРАЦИЈА

за зелени општини во Република Македонија 

Демократската обнова на Македонија - ДОМ, како застапник на зелената опција согледувајќи ги сегашните незадоволителни еколошки состојби во земјата како сериозна закана за нашата и за идните генерации,тргнувајќи од претпоставката дека сите сме корисници, чувари и старатели на сопствената земја,прифаќајќи ги сериозно обврските од областа на заштита на животната средина пред претстојното интегрирање на нашата земја во ЕУ ги повикува сите градоначалници, советници, невладини организации, политички партии, претставници на бизнис заедницата, како и сите граѓани на Република Македонија да го поддржат следново

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета