Соопштенија

Лилјана Поповска на Меѓународната конференција за родова еднаквост во Анкара

lile

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Лилјана Поповска, ·пратеник и претседател на ДОМ, во својство на претседател на Парламентарната комисија за еднакви можности на жените и мажите, денеска и утре, 22 – 23 март, престојува во Анкара како учесник на Меѓународната конференција за родова еднаквост, собир на претседатели на парламентарните комисии за еднакви можности на жените и мажите.

Повеќе...

Балканските зелени во Атина се согласија за нов политички и економски пристап

Athens_Greece_December_2011_17

 

 

 

 

 

 

Балканските зелени на средбата во Атина, при формирањето на Балканската зелена мрежа едногласно се согласија дека на Балканот му треба нов политички и економски пристап и дека зелените партии треба да вложат максимални напори нивните политики да бидат имплементирани во државите од каде доаѓаат.

Повеќе...

ДОМ со балканските зелени партии во Атина ќе ја формираат „Балканската зелена мрежа“

DOM zname

Од 09.12.2011 (петок) до 11.12.2011 (недела), четиричлена делагација на ДОМ  ќе престојува во Атина, Република Грција, каде со останатите зелени партии од сите балкански држави ќе ја формираат „Балканската зелена мрежа“. На иницијативниот собир, како гости ќе присуствуваат и членови од раководството на Европската зелена партија и неколкумина пратеници од Европскиот Парламент. 

Повеќе...

Донаторска конференција "Зелен катастар за идните генерации на Скопје"

Zelen_Katastar_2

 

 

 

 

 

 

За ДОМ е сосема природно што го иницираше Зелениот катастар и што цврсто се залага за реализација на овој проект, затоа што со него ќе создаеме услови за поздраво живеење и ќе добиеме поквалитетна естетска вредност на градот Скoпје. Процесот на изработката на катастарот на зеленилото во Град Скопје, би се изработувал во три фази, поточно изработка на електронска база на податоци – попис на зеленилото во градот, изработка на план за развој на зелените површини, како и спроведување кампања за подигнување на јавната свест за потребата за зачувување и унапредување на урбаното зеленило. Скопје, 05.12.2011. Во просториите на Град Скопје се одржа донаторска средба со наслов "Зелен катастар за идните генерации на Скопје", а целта беше обезбедување на потребни финансиски средства за изработка на Зелен катастар на Град Скопје. Притоа на претставниците од дипломатскиот кор  и од бизнис заедницата им беше претставен проектот, неговите цели и бенефитите кои тој треба да ги донесе.

Повеќе...

ДОМ на 4-тиот Конгрес на Европската Зелена Партија

DOM_i_Kristof_Najdovski

Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска и секретарот за меѓународна соработка на ДОМ, Тони Ристов, од 11 до 13 ноември присуствуваа на 4-тиот Конгрес на Европската Зелена Партија, кој се одржа во Париз, притоа остварија средба и со заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, кој доаѓа од редовите на француските Зелени, а на средбата беа споделени одредени искуства од функционирањето на градската власт во Париз и се разгледуваа можностите за соработка со Скопје.·

Повеќе...

НЕОПХОДЕН Е СЕРИОЗЕН ОДНОС КОН ВОДИТЕ - Да се спречи еколошка катастрофа на Брегалница

bregalnica-presusena

 

 

 

 

 

ДОМ повикува да се спречи еколошка катастрофа на Брегалница, со ·максимална мобилизација на локалните институции Хидро-системот Калиманци, Водостопанство Брегалница и општина Виница, за да се обезбеди нормален проток на вода во речното корито и да се спаси рибниот фонд, но и стопанските капацитети наоколу. Сепак, знаејќи во каква состојба се наоѓаат сите тие институции, со недоволно опрема и кадар, ДОМ цени дека за излез од кризава ќе биде неопходна помош и од Министерството за животна средина и Владата.·

Повеќе...

Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп пред ратификација во Собранието

DOM zname

Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп наскоро ќе биде ратификувана во Собранието, а се подготвува и законот за права и достоинство на лица со хендикеп.  Ова беше една од програмските определби од зелената програма на ДОМ, за која ДОМ и ВМРО ДПМНЕ се согласија пред заедничкиот настап во Коалицијата „За подобра Македонија“ пред предвремените парламаентани избори 2011.

Повеќе...

Поддршка за настапот на премиерот Груевски на 66тото Генерално Собрание на ООН

DOM zname

Премиерот Груевски  досега најјасно и најдиректно ја пренесе пораката од македонскиот народ, дека сака да биде рамноправен член во сите меѓународни организации, без да биде загрозен националниот идентитет и достоинство.

Повеќе...

Млади садници за зелена иднина на Куманово

 

Mladi_sadnici_Kumanovo

 

 

 

 

 

 

 

 

Општинската организација на ДОМ од Куманово организираше еколошка акција на која на граѓаните на Куманово им беа подарени млади садници. Целта на оваа акција беше да се подигне свесноста за еколошките потреби  на граѓаните и да им се доближат зелената зелените политики за кои се залага ДОМ. 

Повеќе...

ДОМ на изборите 2011 во коалицијата „За подобра Македонија“

Popvska_i_Gruevski

 

 

 

 

 

ДОМ се приклучи кон коалицијата, откако претходно двете партии се договорија во програмата на идната влада да бидат вградени заложбите на ДОМ, како зелена партија: унапредување на животната средина, преку современо управување со природните ресурси; имплементирање на програмите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност; гаранција дека идната влада нема да се гради нуклеарна централа; силна поддршка за развој и промоција на туризмот преку буџетски средства и кредити; ратификација на Конвенцијата на ОН за лицата со хендикеп и донесување системски закон за лицата со хендикеп и силна поддршка на науката.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета