Соопштенија

ДОМ: Конечно се отворија вратите на ЕУ

Зелената партија ДОМ искажува задоволство од одлуката на Советот за општи работи на ЕУ за почнување на пристапните преговори со Македонија. Оваа долгоочекувана одлука ја исправи грешката од октомврискиот самит на ЕУ и ги валоризира успесите во спроведените реформи во изминатиот период. Таа е потврда на европската перспектива како стратешка цел на нашата држава.

domzname

Повеќе...

Европските Зелени: ЕУ мора сега да го започне долгоочекуваниот процес за пристапување на Северна Македонија

Денес, Советот за општи работи на ЕУ најверојатно ќе донесе одлука за отворање на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија, одлука што е долгоочекувана во регионот. Бидејќи двете земји спроведоа значителни демократски реформи, сега треба ЕУ да донесе одлука за да продолжат овие процеси.

European Greens Flag

Повеќе...

ДОМ: Одложување на изборите во интерес на здравјето на граѓаните

Зелената партија ДОМ апелира до сите политички субјекти, во овој период на сериозни предизвици поради пандемијата на коронавирусот, да го стават интересот на граѓаните и државата, пред партискиот интерес и да дадат максимален придонес во борбата против опасниот вирус. Носењето заедничка одлука на партиите за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12.04.2020 година, на денешната лидерска средба, е вистинскиот чекор.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Одложување на изборите во интерес на здравјето на граѓаните

Зелената партија ДОМ апелира до сите политички субјекти, во овој период на сериозни предизвици поради пандемијата на коронавирусот, да го стават интересот на граѓаните и државата, пред партискиот интерес и да дадат максимален придонес во борбата против опасниот вирус. Носењето заедничка одлука на партиите за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12.04.2020 година, на денешната лидерска средба, е вистинскиот чекор.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Општините Охрид и Струга да не си играат со статусот на УНЕСКО

Зелената партија ДОМ најостро го осудува одлагањето на донесувањето на Одлуката за продолжувањето на мораториумот за градење и легализација на дивоградби од страна на Советот на Општина Охрид. ДОМ бара итно закажување седница на Советот на Општина Охрид и Општина Струга и усвојување на Одлуката. Со носењето на оваа Одлука ќе овозможат спроведување на мерките за заштита утврдени со Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

DOM_ZNAME.jpg

Повеќе...

ДОМ во предизборна коалиција со СДСМ

Зелената партија ДОМ, на претстојните предвремени парламентарни избори ќе настапи во коалиција со СДСМ. Во преговорите беше договорено дека еден од главните столбови на коалициската програма ќе биде заштитата на животната средина и климата, што е врвен приоритет на ДОМ.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Поддршка за иницијативата за архитектонско-урбанистички конкурс за “Треска”

Зелената партија ДОМ ја поддржува иницијативата Општина Центар да распише конкурс за избор на архитектонско-урбанистичко решение за локацијата на фабриката “Треска”. ДОМ се придружува на заложбите на граѓанскиот сектор и на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти и овластени инженери, Архитектонскиот факултет во Скопје и на бројни експерти.

DOM ZNAME

Повеќе...

Лилјана Поповска се збогуваше со Собранието

Денеска е мој последен ден во македонското Собрание и мое последно обраќање како пратеничка. Како што поодамна најавив, нема веќе да се кандидирам. По 18 години излегувам доброволно, без болест и при здрав разум, откако пред 1 година на ист начин се повлеков од претседател на партијата ДОМ, оставајќи зад себе спремен кадар да ја води.

 liljana popovska 610x400 1

Повеќе...

Поповска за новата методологија на ЕУ: Животната средина да се отвори заедно со судството и правната држава

image_3324654.jpg

На денешната седница на Советот за евроинтеграции во дискусијата за новата методологија на ЕУ за пристапување на земјите од Западен Балкан, пратеничката Поповска од ДОМ предложи поглавјето за животната средина да се отвори заедно со поглавјата за судството и правната држава.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета