Соопштенија

Јавна дебата „Како да се зазелени урбанизмот?“

2.Фотографија

Ве покануваме на јавна дебата во организација на Зелениот институт и ДОМ, а со поддршка на Биро де Хелинг од Холандија, што ќе се одржи на 5 мај (сабота), со почеток во 11 часот, во Галеријата КО-РА во Домот на градежници.

Целта на настанот е да се дискутира за решавање на жешките прашања поврзани со урбанизмот, кој го узурпира и дехуманизира просторот, наместо да обезбедува функционални решенија и квалитетно живеење. Дебатата ќе се обиде да најде одговор на актуелните прашања:

 

1) Како да заживее Законот за зеленило, донесен во јануари 2018, со одредбите за најмалку 20% зеленило на градежна парцела?

2) Низ која правна процедура да се направи ревизија на штетните ДУП-ови?

Повеќе...

ДОМ: Општина Центар со сериозен пристап во ревизијата на ДУП-овите

знаме дом

Со одлуката за продолжување на мораториумот за спроведување на спорните ДУП-и, Советот и Градоначалникот на општина Центар уште еднаш покажаа одговорност и одлучност да обезбедат квалитетни услови за живот и минимум 20% зеленило на градежна парцела, според Законот за зеленило.

Повеќе...

ДОМ: Конечно нов филтер во Дрисла

za sajt

Деновиве е поставен и пуштен во употреба новиот филтер на инсинераторот за согорување на медицински отпад во скопската депонија Дрисла. При неодамнешната прва инспекциска контрола извршена во изминативе неколку години беа утврдени одредени неправилности за што беше издадено решение од Државниот инспекторат за животна средина, на чие чело како директорот до скоро беше Мирослав Богдановски.

Повеќе...

МОДОМ: Здравјето е легално, ДЕКРИМИНАЛИЗАЦИЈА сега !

МОДОМ Соопштение слика


     Младинската организација на Демократска Обнова на Македонија – МОДОМ јавно се залага и го поддржува процесот за декриминализацијата на канабисот. МОДОМ како политички подмладок со зелена идеологија смета дека поседувањето на одредено количество канабис не претставува криминал , кога е за лична употреба.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета