Соопштенија

Конференција: 4 сезони екотуризам во Охридскиот регион

Охрид Конференција Фотографија

Во рамките на активностите на Зелениот институт од Скопје и на ДОМ, како зелена партија коjа што, меѓу другото, сестрано се залага за заштита на животната средина, во Охрид на 10 јуни се организира конференција насловена: 4 сезони екотуризам во Охридскиот регион.
На оваа конференција ќе се дискутира за можностите во охридскиот регион постојано да има атрактивни настани и активности кои ќе ги привлечат домашните и туристите од регионот и пошироко. 
Акцентот ќе биде ставен на екотуризмот и неговиот развој, за сестраната понуда, од планинарење на Галичица и параглајдинг, историја, култура и традиција, па се до водено поврзување на речиси сите места покрај Охридското езеро. 
Очигледно е дека охридскиот регион има големи туристички потенцијали кои треба максимално да се искористуваат и да придонесат за економскиот развој, притоа водејќи грижа за животната околина.

Повеќе...

Ана Петровска од ДОМ - Нов Државен секретар во Министерството за животна средина

Фотографија А. Петровска

Ана Петровска, член на Извршниот одбор на ДОМ, е именувана за Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таа е инжинер архитект со долгогодишно искуство во животната средина и просторното планирање. Била работно ангажирана во Градежниот институт “Македонија”, “Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови” (сегашна Агенција за планирање на просторот), “АБЦ Консалтинг”, “DHW”, “PM” и “Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа” (РЕЦ). Ставена е на листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина, за стратегиска оцена на животната средина и управител со отпад, како и листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Повеќе...

ДОМ: Преиспитување и промена на трасата на гасоводот на Водно

Фотографија Водно

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, се сретнаа со  претставници од граѓански здруженија од иницијативата против изградба на гасовод по с'ртот на парк-шумата Водно.

Сите аргументи на екологистите и стручните лица укажуваат на потребата за преиспитување и промена на трасата на гасоводот, тргнувајќи од значењето на Водно како прочистувач на воздухот и извор на кислород за граѓаните на Скопје и околните места.

Повеќе...

Морачанин од ДОМ: Намалувањето на употребата на дизел горивата е светски тренд

Фотографија Маја М

“Намалувањето на употребата на дизел горивата е светски тренд и голем број градови во светот веќе најавија забрана за дизел возила во централните зони. Ова е само една од многубројните мерки за намалување на аерозагадувањето кое потекнува од сообраќајот, паралелно со мерките за намалување на аерозагадувањето од загревањето на објектите, градежништвото и индустријата. Според Светска банка, аерозагадувањето во Македонија е причина за над 1300 смртни случаи и ги чини нашите граѓани преку 253 милиони евра годишно”-истакна Морачанин во собраниската расправа во врска со употребата на дизел горивата.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета