Соопштенија

ДОМ: Уште една победа на правдата, Апелација ја одби жалбата на Боров Дол против ДОМ!

DOM ZNAME

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на тужителот Боров Дол ДООЕЛ Радовиш против зелената партија ДОМ, како неоснована. Советот на судии со претседателката Лидија Димчевска ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје II дека при пренесувањето на јавно достапни информации за рудникот Боров Дол од страна на ДОМ, нема клевета, ниту пак намера да му се наштети на честа и угледот на тужителот. Правото на слободно изразување е загарантирано со Европската конвенција за заштита на човекови права и судот тоа го почитува.

Повеќе...

ДОМ: Жената има право самостојно да одлучува дали, кога и колку деца ќе роди

LIK 3239 1

На собраниската јавна расправа за Законот за прекинување на бременоста, претседателката на зелената партија ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин образложувајќи ја поддршката за Законот, истакна: “Носењето на овој Закон, е значајно од два клучни аспекта. Првиот е почитување на правата на жените, како човекови права. Жената има право самостојно, според сопствената слободна волја, да одлучува дали, кога и колку деца сака да роди. Вториот се однесува на заштитата на здравјето на жените и затоа државата е должна да обезбеди пристап до легален и безбеден абортус.”

Повеќе...

ДОМ доби цврсто ветување од Пендаровски за заложбите за заштита на животната средина и борбата со климатските промени

ДОМ Фотографија

Претседателскиот кандидат проф. д-р Стево Пендаровски даде цврсто ветување и недвосмислена поддршка за заштитата на животната средина и борбата со климатските промени, што беше барање на ДОМ за негова поддршка како заеднички коалициски кандидат за Претседател.

Повеќе...

ДОМ бара инспекциска контрола во Калишта

kalista

ДОМ бара локалниот и државен инспекторат за градежништво и за животна средина, веднаш да излезат на терен во потегот помеѓу Струга и Калишта. Надлежните институции се должни да одговорат на бројните реакции од граѓани за поставување бетонски огради, палење трска и друга вегетација и депонирање градежен шут во овој предел.

Повеќе...

ДОМ: Да не се пропушти шансата дивите депонии и буништа во североисточниот регион да се заменат со современо управување со отпад!

Diva Deponija i Klasicna Deponija

ДОМ апелира до сите граѓани на североисточниот регион да покажат висока еколошка свест и одговорност и да ја поддржат изградбата на центар за современ третман на отпадот, лоциран во општина Свети Николе, во месноста Мечкуевци. 

Повеќе...

Морачанин од ДОМ: Поддршка за социо-економско јакнење на продавачите на уличен печат “Лицевлице”

lice v lice 2

Претседателката на ДОМ и пратеничка, Маја Морачанин во знак на одбележување на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат, (4-8 февруари, 2019), заедно со продавачите на “Лицевлице”, на граѓаните низ центарот на Скопје, им го понуди најновото издание на списанието, посветено на тема: одржливо лидерство.

Повеќе...

ДОМ: Јавни установи како болницата Чаир може да се решаваат преку Програмата за воздух, со итни јавни набавки

Bolnica Cair

По алармот од градскиот инспектор и градоначалник на Град Скопје за загадувањето од болницата Чаир поради греење со мазут, има најава од Министерството за здравство дека ќе го решат проблемот и тоа го поздравуваме.

Повеќе...

ДОМ: Приоритет се реформите и подобар квалитет на живот на граѓаните

DOM ZNAME

На денешната седница, Централниот одбор донесе заклучок дека ДОМ нема да предложи свој кандидат за Претседател на Република Македонија. Имајќи предвид дека во тек е процесот на номинација на кандидати, ЦО на ДОМ дополнително ќе одлучува за поддршка на претседателски кандидат. За ДОМ клучни се личниот профил на кандидатот, посветеноста на евроатлантската интеграција на Македонија и развој на прогресивно и просперитетно општество, како и поддршката во заштитата на животната средина и борбата против климатските промени.

Повеќе...

ДОМ: Хотелот што се гради во Лагадин е чир во заштитеното подрачје од УНЕСКО

Lagadin

ДОМ им укажува на сите институции и субјекти кои на каков и да е начин се инволвирани во урбанистичкото насилство во Лагадин, дека хотелот што се гради таму е чир во заштитеното подрачје на УНЕСКО!

Повеќе...

Проф. д-р Бети Дејанова, советничка во општина Центар од ДОМ: Сите сме интоксицирани како да работиме во индустрија со олово

Beti Dejanova 360 stepeni 1

На вонредната седница на советот на општина Центар одржана на 24.01.2019, советничката од ДОМ Бети Дејанова истакна:

„Професор сум на Факултетот за медицина, повеќето од вас знаете. Прв пат се случува после 30-годишно работно искуство, случајно во лабораторијата каде што испитуваме интоксикација на лица, да добиеме 90 отсто од студентите дека се интоксицирани со цијаниди, односно роданиди во плунка. Ова не се случило последниве 30 години и можам да кажам за мене е ова алармантно. Сите се студенти од Скопје значи тука живеат и можам да ви донесам слики, бидејќи ги сликав сите епрувети и не ми се верува - како да работат во индустрија со олово. Сите добија такви вредности“.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета