Младинската организација на ДОМ - МОДОМ јавно алармира за огромните трошоци кои ги имаат студентите во време на ковид криза. Во ситуација кога наставата се одвива на далечина, студентите сеуште имаат високи дополнителни трошоци и покрај редовната годишна партиципација.

6. MODOM LOGO za soopstenija na web

Младите се една од најпогодените категории од ковид кризата. Младинската невработеност се зголемува, кризниот менаџмент на Универзитетите и високобразовните установи треба да биде активиран со цел заштита на студентите.

МОДОМ повикува на разбирање од универзитетите, намалување и по можност кратење на дополнителните трошоци, консултација со студентите и студентските претставници. Солидарност пред се!