Зелената партија ДОМ на овие парламентарни избори е дел од коалицијата „Можеме“ . Покрај учеството во заедничката коалициска кампања, ДОМ продолжува со својот пристап да води и самостојна позитивна кампања на социјалните медиуми со слоганот „Иднината е зелена!“.

viralno video slika

ДОМ ги промовира зелените вредности: заштита на животната средина, почитување на човековите права и еднакви можности за сите, социјална правда и зелена економија базирана на обновлива енергија, енергетска ефикасност, органска храна, еко-туризам и смарт технологии. Кампањата има и едукативна улога, за подигање на еколошката свест за потребата од целосна преобразба на Македонија во земја со одржлив развој и одлучна климатска акција, која што води сметка за природата и здравјето на граѓаните.

ДОМ има четворица кандидати за пратеници на листите: Маја Морачанин во ИЕ3, Мирослав Богдановски во ИЕ1, Ристенка Алтипармаковска во ИЕ5 и Ванчо Санев во ИЕ3.

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета