Зелената партија ДОМ ја поздравува решителната акција на Општина Охрид за отстранување на бесправните објекти на плажите за кои се истечени концесиите. Секојдневно сме сведоци на  ослободување на крајбрежјето од бетонски и челични градби што го нарушуваа пределот и правеа штета на природните вредности и биолошката разновидност.DOM_ZNAME.jpg

Конечно, се спроведуваат неопходните активности за да се стави крај на долгогодишна узурпација на крајбрежјето. Затоа, даваме силна поддршка на Општина Охрид и инспекциските служби да продолжат со борбата за зачувување на вредностите на Охридскиот регион и неговиот УНЕСКО статус.

Вчера, Советот на Општина Струга донесе Одлука за продолжување на мораториумот на градби и легализација на бесправни објекти, три месеци по носењето на оваа одлука во Охрид. И покрај големото доцнење, сметаме дека тоа е мал чекор во добра насока. Сепак, недозволиво е владината Уредба со законска сила за плажите да не се применува на струшкото крајбрежје! Ја повикуваме Општина Струга да го следи примерот на Охрид и да го ослободи и западниот дел на езерото од парапетчиња, платформи и други нелегални градби. Апелираме Државниот пазарен инспекторат и УЈП да обезбедат доследно спроведување на Уредбата на Владата.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета