Зелената партија ДОМ упатува честитки по повод 24 Мај – Денот на браќата Свети Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои имаат огромно влијание врз описменувањето и културниот развој на сите Словени.

kiril i metodij spomenik 320 57437

Нивната дејност и дела создавани во IX век, имаат непроценлива вредност и значење за културниот подем на Словените. Создавањето на првата азбука на старословенски јазик-глаголицата е почеток на описменувањето на словенските народи. Подоцна, врз основа на глаголицата, нивните следбеници, пред сè Св. Климент Охридски ја создале кирилицата, која е основа за стандардизација на македонскиот јазик и писмо.

Браќата Св. Кирил и Методиј биле мисионери кои ја ширеле словенската писменост во повеќе земји во времето на Византија, поради што се нарекуваат апостоли на Словените. Поради нивните заслуги, во своето апостолско послание EGRIGAE VIRTULIS папата Јован Павле II, на 31 декември, 1980 година ги прогласи за ко-покровители на Европа.