Зелената партија ДОМ се откажува од финансиските средства кои партијата оваа година треба да ги добие од државниот буџет. Во ова време на корона пандемија, драгоцен е секој дополнителен денар наменет за здравствениот систем и надминување на социо-економските последици. Сега, повеќе од било кога, потребна ни е солидарност.

DOM ZNAME

За ДОМ заштитата на здравјето, задржувањето на секое работно место и обезбедувањето на егзистенцијалните потреби на граѓаните се од највисок приоритет.

Ги поздравуваме напорите и придонесот на некои претпријатија за оваа цел и бараме нивниот пример солидарно да го следат сите оние што не се значително погодени од ефектите на пандемијата. ДОМ апелира операторите на системите за дистрибуција на електрична, топлинска енергија, за електронски комуникациски услуги да ги намалат надоместоците за граѓаните, особено за социјално најранливите категории.

ДОМ смета дека економските мерки за справување со корона кризата на Владата треба да бидат засновани на потребите на сите засегнати страни и да произлезат од соодветни анализи и усогласени стручни мислења на економските експерти. По истиот принцип како што здравствените мерки ги носи согласно ставот на врвните професионалци од областа на медицината.