Зелената партија ДОМ апелира до сите политички субјекти, во овој период на сериозни предизвици поради пандемијата на коронавирусот, да го стават интересот на граѓаните и државата, пред партискиот интерес и да дадат максимален придонес во борбата против опасниот вирус. Носењето заедничка одлука на партиите за одложување на предвремените парламентарни избори закажани за 12.04.2020 година, на денешната лидерска средба, е вистинскиот чекор.

DOM ZNAME

За ДОМ, грижата и заштитата на здравјето на граѓаните се секогаш врвен приоритет, а особено сега, во услови на пандемија која го потресува целиот свет.

Изборниот процес неминовно би довел до поинтензивни контакти помеѓу граѓаните што е спротивно на мерките и препораките на Светската здравствена организација, нашите експерти и надлежни институции, кои се превземаат со цел спречување на ширењето на вирусот и заштита на здравјето.

Дополнително, одржувањето избори во отсуство на мониторинг мисијата на ОБСЕ и ОДИХР која веќе најави повлекување од Македонија, би можело да предизвика сомнеж во кредибилноста на изборите и недоверба кај граѓаните.