MoracaninGovornica4KongresOsvetlenaSlika

Пратеничката од ДОМ, Морачанин побара Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, да биде ставен на дневен ред на денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика. Овој Предлог-закон, подготвен од Министерството за труд и социјална политика, доставен е до Собранието на Република Македонија, во јуни оваа година. На 18.07.2018 ставен е на дневен ред на 53-тата пленарна седница.

“Целта на новиот Закон е обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи. Со него се врши усогласување на нашата законска регулатива со правото на Европската Унија. Во Извештајот за 2018 година, Европската Комисија препорача да се усвои новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација и другите закони да се усогласат со него”-истакна Морачанин.

По меѓусебна консултација, членовите на Комисијата за труд и социјална политика од мнозинството и опозицијата, се договорија Предлог-законот да биде ставен на дневен ред на следна седница на Комисијата.