ДОМ знаме

Во парничната постапка поведена од Боров Дол ДООЕЛ Радовиш за клевета, донесена е пресуда во полза на политичката партија ДОМ. Во писменото известување од Основниот суд 2 Скопје, со судијата Нухи Рустеми како претседател на советот, тужбата се одбива како неоснована.

Судот оценил дека нема клевета во пренесувањето на јавно достапни информации, ниту пак намера да му се наштети на честа и угледот на тужителот. Дополнително, судот го истакнува правото на слобода на изразување, заштитено според Европската конвенција за заштита на човековите права.

ДОМ смета дека со оваа пресуда победи правдата, а овој случај ќе биде уште еден успех во малубројните еколошки судски случаи во Република Македонија. Треба сите да сфатиме дека еколошките борби се искрени и во интерес на сите граѓани и на животната средина. Наместо по судови, различните, па и спротиставени субјекти и поединци треба јавно да разговараат за тоа како заеднички да ја заштитиме природата и да ги исклучиме штетите од индустријата.

Со правичната пресуда во овој спор исто така се даде сериозен придонес кон зголемување на довербата во судството.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета