Фотографија А. Петровска

Ана Петровска, член на Извршниот одбор на ДОМ, е именувана за Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Таа е инжинер архитект со долгогодишно искуство во животната средина и просторното планирање. Била работно ангажирана во Градежниот институт “Македонија”, “Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови” (сегашна Агенција за планирање на просторот), “АБЦ Консалтинг”, “DHW”, “PM” и “Регионалниот центар за животна средина за централна и источна Европа” (РЕЦ). Ставена е на листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина, за стратегиска оцена на животната средина и управител со отпад, како и листата на експерти за оценка на влијание врз животната средина на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Ана Петровска има дадено придонес во апроксимацијата со правото на Европската Унија преку раководење на бројни проекти и процеси во земјата и Западен Балкан, а краткорочно била ангажирана и во Унгарија, Украина и Грузија. Била и ко-претседавач на работна група за снабдување со енергија и “паметни” мрежи во рамките на Европската платформа за “Паметни” градови. Во Македонија дала особен придонес во отстранувањето на оловниот бензин и воведувањето на горива со ултра ниско учество на сулфур, создавањето на услови за издавање под концесија на регионалното интегрирано управување со цврст отпад, спроведувањето на енергетска ефикасност во индустријата итн.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета