Фотографија Водно

Пратеничките од ДОМ, Маја Морачанин и Лилјана Поповска, се сретнаа со  претставници од граѓански здруженија од иницијативата против изградба на гасовод по с'ртот на парк-шумата Водно.

Сите аргументи на екологистите и стручните лица укажуваат на потребата за преиспитување и промена на трасата на гасоводот, тргнувајќи од значењето на Водно како прочистувач на воздухот и извор на кислород за граѓаните на Скопје и околните места.

Во просторниот план на Република Македонија оваа парк-шума е дефинирана како заштитен предел со посебни природни карактеристики и е предвиден режим на заштита како дендролошки споменик на природата.

Дополнително, Водно е најзначајното излетничко место на главниот град, а нејзиниот с'рт е дел од туристичката рута за планинари и велосипедисти, што води кон македонските туристички атракции, кањонот Матка и пештерата Врело.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета