01a

Во организација на ДОМ денеска се одржа Меѓународна конференција посветена на искуствата на Европските зелени во борбата против загадувањето од рудници на која, покрај претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, учествуваше и делегација од Европските зелени, предводена од ко-претседавачот и европратеник, Рајнхард Бутикофер.

        Европските зелени ја искажаа својата поддршка на борбата на ДОМ и на сите еколошки граѓански иницијативи против отворањето рудници во југоисточниот дел од земјава, кои се штетни за здравјето на населението и кои можат сериозно да ја загадат животната средина.

            Во воведното излагање, Поповска нагласи дека во процесот на издавањето концесии за отворање рудници има прекршување на законите во најмалку четири министерства – Министерство за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Министерство за земјоделие и Министерсво за економија. Таа, исто така, рече дека отворањето рудници во тој регион може целосно да го уништи земјоделието и туризмот, главни стопански гранки со кои се занимава локалното население, и да ма долгорочни штетни последици за животната средина и здравјето на луѓето.

            Ко-претседавачот на Европските зелени и европратеник, Рајнхард Бутикофер истакна дека тие безрезервно ги поддржуваат нашите залагања и борбата против отворањето рудници за бакар, сребро и злато и дека Европските зелени имаат донесено повеќе документи и резолуции што се однесуваат токму на оваа проблематика во рамките на Европската унија и кои треба и Република Македонија да ги почитува, бидејќи има аспирации да стане дел од европското семејство. Тој, исто така, ја нагласи поддршката и ветувањето што му ги дал премиерот Зоран Заев на нивната денешна средба, во врска со преиспитувањето на регуларноста на дадените концесии за рудниците.

            Претставникот на Зелените од Бугарија, Даниела Божинова истакна неколку позитивни примери од нејзината земја за решавање на ваквите проблеми со рудниците, преку организирање локални референдуми. Таа подвлече дека, соочени со опасностите од отворањето на рудници, кај граѓаните во Бугарија многу брзо се развила свеста за важноста на заштитата на животната средина, процес што забележува дека се случува и во Македонија.

            Претставникот од Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“, Димче Балевски зборуваше за неправилностите, заканите и притисоците врз граѓаните на Валандово пред и за време на одржувањето на референдумот, кои имале пресудно значење за неговиот неуспех.

 

            На Конференцијата се донесени и два заклучока:

1. Во наредниот период ДОМ ќе иницира изработка на студија за оценка на кумулативното влијание на рудниците врз животната средина во Источна Македонија. Оваа студија е значајна поради тоа што станува збор за можно трајно загадување на површина од десет илјади километри квадратни, што е речиси една половина од целата територија на Република Македонија;

2. ДОМ ќе иницира формирање на Балканска мрежа за борба против загадувањето од рудниците, во која ќе ги покани да се вклучат зелените партии и сите граѓански иницијативи од регионот, зашто станува збор за транснационален и регионален проблем.

01

03

04

05

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета