Соопштенија

ДОМ: 5 јуни – Меѓународен ден на животната средина

Оваа година, меѓународниот ден на животната средина – 5 јуни, се одбележува со слоганот – „Време е за природата“ и не повикува сите нас жители на планетата Земја да покажеме поголема грижа за екологијата и за заштитата на животинскиот и растителниот свет.

102332595 3121682577879160 9088628682167156736 n

Повеќе...

ДОМ: Дали со новиот ДУП во Карпош се почитува Законот за урбано зеленило?

Донесувањето на ДУП-от за Градска четврт З 04, Блок 02, за кој е во тек јавната анкета, треба да се преиспита, бидејќи не е јасно дали го почитува членот 20 од Законот за урбано зеленило што бара примена на минимум 20% зеленило на градежна парцела.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Владата да им ги одземе ингеренциите на Охрид и Струга

Зелената партија ДОМ бара Владата да им ги одземе ингеренциите на општините Охрид и Струга и да го превземе отстранувањето на дивоградбите. Така ќе обезбеди реализирање на посветеноста за зачувување на исклучителната универзална вредност на Охридскиот регион, заштитен од УНЕСКО.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Трајно да се реши случајот со рудникот Иловица!

Зелената партија ДОМ смета дека поединци во институциите, преку несериозно постапување, дозволуваат да се јави недоверба кај граѓаните околу прашањето за раскинување на Договорот за концесија на рудникот Иловица. Ние се прашуваме, заедно со загрижените граѓански организации и движења, што навистина се случува низ институциите во врска со рудникот Иловица и дали повторното враќање на случајот во лавиринтите на одлучување може да го “воскресне” концесионерот?

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ спроведе обука за алтернативни начини на изборна кампања

Зелената партија ДОМ, во соработка со Зелен Институт и холандската фондација Биро де Хилинг, организираше онлајн обука на тема “Приспособување кон алтернативен начин на партиска комуникација и активизам”. Предавач беше Огнен Јанески кој го истакна значењето на онлајн платформите и социјалните мрежи во комуникацијата со граѓаните. На обуката учествуваа преку шеесет активисти на ДОМ, како и Ане де Бер-директор на Биро де Хилинг и Трушке Смитс од холандските Зелени.

101561575 279242226554685 7118264546241806336 n

Повеќе...

ДОМ: Честит 24 Мај - Ден на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј

Зелената партија ДОМ упатува честитки по повод 24 Мај – Денот на браќата Свети Кирил и Методиј, сесловенските просветители кои имаат огромно влијание врз описменувањето и културниот развој на сите Словени.

kiril i metodij spomenik 320 57437

Повеќе...

ДОМ: Честит Рамазан Бајрам

Зелената партија ДОМ на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита верскиот празник Рамазан Бајрам, со искрени желби за добро здравје, среќа и благосостојба.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Општина Струга веднаш да започне со отстранување на дивоградбите

Зелената партија ДОМ е длабоко загрижена од вчерашната изјава за медиумите на градоначалникот на Струга, со која тој порачува дека во Струга не треба да се уриваат дивоградбите.

DOM ZNAME

Повеќе...

ДОМ: Дали Управниот суд ја крие пресудата за Иловица?

Зелената партија ДОМ е крајно загрижена по објавувањето на информацијата во медиумите дека Управниот суд донел пресуда во полза на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ на 31 март оваа година, среде пандемија и вонредна состојба. Со неа се поништува одлуката од второстепената владина комисија за одбивање на дозвола за експлоатација на рудникот Иловица.

DOM ZNAME

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета