ДОМ почнува кампања против ГМО
- Детали
- Објавено: Понеделник, 20 Мај 2013 13:01
ДОМ како зелена партија се грижи за заштита на животната средина и здравјето на луѓето. Поттикнати од многубројните контроверзни податоци за безбедноста на генетски модифицираната храна, добиточна храна, семе и семенски материјал, чувствуваме потреба пошироко и посериозно да ја отвориме оваа тема во Република Македонија. ДОМ го дели ставот на зелената опција во Европа и ширум светот дека генетски модифицираната храна, добиточна храна, семе и семенски материјал претставуваат закана за животната средина и потенцијална опасност по здравјето на луѓето и нивното потомство. Затоа ДОМ е против употребата на ГМО и се залага за употреба на домашни автохтони сорти и исхрана со здрава храна.