Поддршка на ДОМ за Претседателот Иванов
- Детали
- Објавено: Петок, 11 Април 2014 11:53
Мојот драг пријател и колега, Проф. д-р Ѓорѓе Иванов – имам чест и задоволство и лично да го познавам повеќе од 20 години. Но тоа не е главната причина за мојата и нашата безрезервна поддршка за негов втор мандат за Претседател на Р. Македонија. Поддршката е пред се поради сето она што досега го направил за македонското општество и македонската држава и заради се она што ветува дека и во иднина чесно и одговорно ќе го прави за доброто на македонското граѓанско општество и македонската правна држава.