Прес конференции

Меморандум за соработка на ДОМ и ПЕИ

 

 

 

 

 

 

 

 

Партијата за европска иднина и Демократската обнова на Македонија, тргнувајќи од развојните насоки на Република Македонија и посебно од своите политички и програмски приоритети, денеска потпишаа меморандум за заедничка соработка, коррдниација и усогласување во своето политичко делување. Меморандумот беше потпишан во присуство на членовите на двете партии.

Повеќе...

ДОМ: „Одржливо управување со водните ресурси во балканскиот регион“

DOM zname

Почитувани

Ве покануваме на регионалната конференција на Балканските зелени партии „Одржливо управување со водните ресурси во балканскиот регион“. Конференцијата ќе се одржи на 01.10.2008 година (среда) во хотел „Арка“ со почеток во 10 часот. Организатор е Демократска обнова на Македонија – ДОМ во соработка со партиите на зелените од Република Грција, Република Бугарија, Република Албанија и Република Србија.

Повеќе...

Екологијата неопходна за поквалитетен живот во Република Македонија

 

 

 

 

 

 ДОМ, како партија на зелената опција ја поздравува јасната заложба на владата да и посвети сериозно внимание на екологијата и заштитата на животната средина. Ова е прва Влада што сериозно се посвети на екологијата. Го поздравуваме носењето на законите, чистењето на  Вардар и редица други активности во таа насока.Но, доследни на својата зелена определба, ДОМ ќе иницира дополнителни допрецизирања на законската регулатива и целосно хармонизирање на законите за отпад, јавна чистота и локална самоуправа.Иако со години невладините еколошки организации со голем ентузијазам се залагаат за подигање на еколошката свест во Македонија, екологијата кај нас е сеуште недоволно разбрана со сето нејзино значење во современиот свет. Оттука се појавуват редица недоречености и непрецизности во законите.

Повеќе...

Претседателот Црвенковски да се воздржи од партиско делување

DOM zname

ДОМ ја изразува својата загриженост, за политичката клима која владее во земјава, во време на тешки и сериозни разговори за името, наметнати од јужниот сосед.Особено загрижува однесувањето на претседателот Црвенковски кој секојдневно излегува надвор од рамките што ги определува уставот за таа функција.Непримерно е за еден претседател на држава да се однесува како опозиционен лидер и да води внатре партиска кампања за свое позиционирање.Уште понекоректно е да води кампања против владата, а наместо кохабитација гледаме некоректни подметнувања во многу деликатно време за меѓународното позиционирање на Република Македонија.

Повеќе...

Злоупотребена е аболицијата од Претседателот Црвенковски

DOM zname

ДОМ е против уставната можност на Претседателот на државата да дава аболиција, бидејќи во светот аболицијата многу ретко се користи и во многу ретки и исклучителни случаи, а овој случај не е таков.

Повеќе...

ДОМ се солидаризира со Велешани

DOM zname

ДОМ упати писмо за поддршка и за вклучување во Зелената Коалиција формирана поради состојбите со загадувањето од Топилницата во Велес. ДОМ е загрижен за последните случувања поврзани со продажбата на Топилницата и   се солидаризира со граѓаните на Велес. Сметаме дека постои јасна законска регулатива која мора да се почитува за да се обезбеди Велес да биде здраво место за живеење. 

Повеќе...

Зелените ги уриваат бариерите

DOM zname

Делегацијата на ДОМ, во состав, Лилјана Поповска, Антони Новотни и Тони Ристов, присуствуваше на регионалната конференција „Зелен Балкан“, организирана од Европските Зелени, која се одржа во Солун од 6 до 8 јуни, со присуство на зелени партии од Балканот, но и од Украина, Турција, Молдавија, Кипар, Австрија, Шведска и Холандија. 

Повеќе...

Агроекологијата - заложба на ДОМ во остварувањето на стратешки цели во екологијата, земјоделството и туризмот

DOM zname

На денешната прес конференција, ДОМ изрази задоволство од одлуката на Европската Комисија за зголемување на средствата од ИПАРД програмата за 12,5 милиони евра. Воедно, ДОМ ја почитува и поддржува заложбата на Владата за поддршка на земјоделството, како стопанска дејност која има витално значење во економскиот развој на Македонија. Притоа ДОМ сака да го сврти вниманието на јавноста и на Владата кон два значајни аспекти на земјоделството.

Повеќе...

Геотермалната енергија - важен енергетски потенцијал за економски развој на Република Македонија

DOM zname

Дом смета дека најголем глобален и национален проблем во иднина ќе биде обезбедување на доволна количина на енергија. Енергетските потреби на развиенот свет се повеќе се зголемуваат како последица на севкупниот индустриски и технолошки развој, со што планетата Земја како интегрален еко-систем трпи се поголеми напрегања во насока на справување со последиците од прекумерното искористување на обновливите фосилни горива (нафта, јаглен, земен гас). Оваа енормна експлоатација на фосилните горива во основа доведе до познатите феномени на глобалното зголемување на температурата и промената на климата. 

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета