Прес конференции

Шарски води се етаблира како најголема спортско- рекреативна активност во Македонија

DOM zname

Спортско – рекреативниот планински велосипедски маратон Шарски води, кој претставува етапа од Проектот Планинска велосипедска трка низ Македонија Сончев Круг, вчера потврди дека е најголемата спортско рекреативна манифестација во велосипедизмот во Македонија. Вчера на падините на Шар планина, се собраа над 300 велосипедисти во планински велосипедизам од целата држава.

Повеќе...

ДОМ предлага Декларација за зелени општини во Македонија

img 1

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ по повод Денот на планетата Земја и лошото рангирање на Македонија на светската еколошката рејтинг листа ги повикувасите градоначалници, советници, невладини организации, политички партии и претставници на бизнис заедницата да ја поддржат Декларацијата за зелени општини.

Повеќе...

ДОМ со осуда за случувањата од плоштадот и апел за разум и одговорност

DOM zname

ДОМ излегува со осуда на вчерашните случувања од плоштадот Македонија. Очекуваме надлежните органи да ги преземат сите неопходни мерки за откривање и казнување на сторителите на насилничките активности. ДОМ апелира до граѓаните, политичките и други субјекти да бидат свесни дека во овие моменти сите заедно носиме одговорност со своето однесување за иднината на државата. Затоа ДОМ апелира на разум и одговорност од сите.

Повеќе...

ДОМ промовираше прва зелена програма на локални избори

DOM zname

Демократската обнова на Македонија – ДОМ во саботата во Холидеј Ин ја промовираше својата Зелена програма со слоганот „Следи го зеленото“, прва зелена програма за локални избори во Македонија. Промоцијата на Зелената програма истовремено беше и одбележување на тригодишнината од постоењето на партијата.

Повеќе...

Обновување на Фондот за животна средина и обновливи енергии

DOM zname

Во Република Македонија постои ургентна потреба од „подигнување на рампата“ за инвестициите во областа на животната средина, пред сè за подобрување на инфраструктурата за животна средина и на еколошките перформанси на индустријата и на другите сектори.

Повеќе...

ДОМ ѝ предлага на Владата конкретни мерки за усогласување на приватниот и професионалниот живот на жените

DOM zname

Родовата рамноправност е еден од приоритетите на ДОМ како зелена партија. Тоа е дел од човековите права и една од милениумските цели на ОН. Во очи на 8.март сакаме да им го честитаме празникот на сите жени во Македонија со една конкретна иницијатива. Имено, на Владата ѝ предлагаме социјални мерки со кои ќе се овозможи усогласување на приватниот и професионалниот живот на жените преку:

Повеќе...

Обновливите извори на енергија се еден од предусловите за успешна економија

DOM zname

Клучниот предизвик за успешна македонска економија е енергетската стабилност и што помала зависност од увоз на енергија. Со таа цел ДОМ, денес, на 5 март, Светскиот ден на заштеда на енергија, упатува неколку препораки до Владата на Република Македонија и до експертската јавност кои ја подготвуваат Националната стратегија за енергија.

Повеќе...

Правото да бираш и да бидеш биран е уставно загарантирано

DOM zname

Сакам да апелирам до сите институции политички партии и поединци да го овозможат демократското право за собирање на потписи за претседател, градоначалници и советнички листи за претстојните претседателски и локални избори. Тоа е уставно загарантирано право и нема право никој да го попречува. Такви случаи во Македонија имавме при собирањето потписи за референдумот за новата територијална поделба и тоа не смее да ни се случи повторно.

Повеќе...

Позитивна оценка по 100-те дена

DOM zname

ДОМ позитивно ја отценува работата на владата во изминатите 100 дена. Работеше според програмата за која сме се договориле, со истиот ентузијазам и динамика како и во претходниот мандат. Владата успеа да го задржи курсот на економскиот развој и борбата со организираниот криминал и корупцијата што беа главни барања на нашите граѓани со години. 

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета