Прес конференции

ДОМ предлага нови мерки за планирање на семејството

DOM zname

ДОМ сака да го искаже својот став во врска со дебатите околу планирањето на семејството и абортусот во тој контекст. Ставот на ДОМ е дека правото на абортус е веќе одредено со закон и произлегува од Уставот како загарантирано право на избор на секој поединец. Затоа сметаме дека дебатите за или против абортусот се беспредметни.

Повеќе...

Детските книги ја поминаа албанската граница

DOM zname

ДОМ со задоволство информира дека детските книги што беа собрани минатото лето во хуманитарната акција „Книгата моја патува“ во вториот обид ја поминаа македонско-албанската граница и стасаа до дечињата во областите Голо Брдо и Гора во Албанија.

Повеќе...

Конференција на Балканските Зелени

PosterKonferencija

Се одржа Конференција на Балканските Зелени
Озеленување на балканските економии

10 – 12, Декември, Скопје, Македонија
Хотел Арка, ул. Битпазарска 90/2, Скопје, Македонија

Повеќе...

Како во Македонија да се искористат германските искуства со примената на обновливата енергија

DOM zname

Македонија има извонредни услови за користење на обновливите извори на енергија, особено онаа од сонцето, изјави на денешната трибина на ДОМ во Холидеј ин проф. д-р Уве Хартман, нуклеарен физичар и претстедател на Германското друштво за сончева енергија со седиште во Берлин. Според површината на Македонија, проф. Хартман вели дека, доколку се определиме исклучиво за сончева енергија, доволно е да се покријат само 160 км² со сончеви колектори, за да бидат задоволени вкупните потреби за енергија и со тоа земјата да се ослободи од увозната зависност на енергијата. За тоа, државата треба да обезбеди политичка, односно законска рамка за поддршка на користењето на обновливите извори.

Повеќе...

Петиција до УНЕСКО против дискриминацијата на македонскиот јазик

press

На Петицијата до УНЕСКО – Против дикриминација на македонскиот јазик до вчера беа собрани над 13 000 потписи, што во пишана форма, што по електронски пат. Сакам да им се заблагодарам , од името на ДОМ на сите кои го дадоа својот потпис , граѓани од Република Македонија, но и Македонци ширум светот, меѓутоа и на луже од некои држави кои не се Македонци по род, особено голем број имаше од Хрватска, Босна и Херцеговина, Полска кои сметаат дека она што му се прави на македонскиот јазик е надвор од меѓународното право и надвор од правдата.

Повеќе...

ДОМ предлага три механизми за користење на обновливите извори на енергија

DOM zname
Како зелена партија, ДОМ го поздравува носењето на Стратегијата за обновливи извори на енергија и очекува нејзина брза имплементација. До крајот на оваа година, треба да се обезбедат најмалку три механизми за поддршка на програмите за користење обновливи извори на енергија, а пред се на сонцето преку:

Повеќе...

Иницијатива на ДОМ за користење на зелените кредити како голема можност за излез од кризата

DOM zname

ДОМ покренува иницијатива и се обраќа до министрите за финансии и економија, да се завземат за користење Зелени кредити во Република Македонија. Тоа е можност за раздвижување на македонската економија преку инвестиции во заштитата на животната средина, заштедата на енергија, креирањето нови зелени вработувања и користење обновливи извори на енергија.

Повеќе...

Кој ни го краде Водно?

DOM zname

Демократската обнова на Македонија ќе се заземе да престане уништувањете на Парк-шумата Водно поради непланското и нечовечно урбанизирање на истата.Имено, градежните зафатиполека но сигурно ги колонизираат ниските падини на Водно, навлегувајќи и во границите на заштитеното подрачје на парк-шумата Водно. По узурпацијата на падините на Водно над Жданец и Трнодол, сега бездушно се уништува и урбанизира дел од парк шумата над хотелот Панорама, со изградба на грди огромни висококатници.

Повеќе...

Апел за уредување на граничните премини пред почетокот на туристичката сезона

DOM zname

Комисијата за туризам на ДОМ, по направените анализи, а согледувајќи ја лошата состојба во која се наоѓаат граничните премини во Република Македонија, апелира до надлежните институции на национално и локално ниво да се мобилизираат и да преземаат соодветни активности, со цел Македонија подготвено да го дочека почетокот на туристичката сезона. Република Македонија и нејзините институции имаат една недела за да се подобрат состојбите на граничните премини.

Повеќе...

Декларацијата на ДОМ за зелени општини поддржана од локалните власти

DOM zname

ДОМ за денот на Планетата Земја, 22 април,  на македонската јавност ја понуди Декларацијата за зелени општини. Оваа Декларација им беше понудена на носителите на власт на локално ниво – градоначалници, претседатели на општински совети, општинските совети, како и на граѓаните на Република Македонија.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета