Прес конференции

Иницијатива на ДОМ за „Чиста Македонија“ и развој на еко туризмот во Македонија

DOM_Pres_konferencija_Eko_turizam_2

 

 

 

 

 

 

За ДОМ како зелена партија, приоритет е здравата животна средина. Туризмот како економска гранка треба да се развива, но сепак строго треба да се води сметка за заштитата на животната средина. Оние кои ќе дојдат во Македонија, ќе дојдат заради убавата природа, заради богатото културно наследство. Затоа предлагаме две иницијативи: „Чиста Македонија“ – широка акција, како владин проект, во духот на „Денот на дрвото“ каде сите граѓани би се вклучиле, пред се за да ја исчистиме земјата, но и да ја подигнеме јавната еколошка свест. Вакви акции на Балканот беа многу успешно организирани во Словенија и Србија. Втората иницијатива е за „Развој на екотуризмот“ – Екотуризмот е еден од клучните сегменти на одржливиот економски развој, особено во руралните подрачја. Затоа ќе започнеме со серија дебати, а веќе следната недела ќе ја одржиме и првата дебата посветена на преспанскиот регион, кој е идеален за развој на екотуризмот.

Повеќе...

Правната држава да профункционира за да се разреши убиството на Мартин Нешкоски

Miroslav_1

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ очекува институциите на системот да ги спроведат законските процедури до крај, како што треба во една правна држава. Тоа значи, законите да важат за секого подеднакво и секој оној што го прекршил законот да ја добие заслужената казна. Исто така, оваа трагедија да не се злоупотребува и користи во политички цели.

Повеќе...

Потсетување на Чернобил – Сонце наместо нуклеарка

Picture_056

 

 

 

 

 

 

 

Деновиве низ Балканот и низ Европа се одржуваат бројни протести по повод 25 годишнината од нуклеарната катастрофа во Чернобил. ДОМ како зелена партија, која силно се спротивставува на употребата на нуклеарната енергија и како еден од основачите на Балканската антинуклеарна коалиција (БАН Коалиција), одржа манифестација под наслов Потсетување на Чернобил – 25 години од нуклеарната катастрофа на која потсети на овие немили настани.

Повеќе...

Поддршка на Велешани во борбата за нивното здравје – случај топилница

__________6

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ им дава силна поддршка на Велешани во борбата за нивното здравје и протестира против одлуката на судот за ново испитување на загаденоста на почвата во градот. Со неа неоправдано се одолговлекува спорот што тие го имаат со државата во случајот Топилница.

Повеќе...

Реакција на ДОМ на одредбите од Правилникот на Советот за радиодифузија

DOM zname

ДОМ протестира против одредбите од Правилникот донесени од Советот за радиодифузија, со кои сметаме дека се нарушува слободата на медиумите и правото на објективно информирање.

Повеќе...

Против лицитации со името во кампањата

DOM zname

ДОМ апелира до сите партии да бидеме пристојни на претстојните избори и да не употребуваме грди и навредливи изрази и лични дисквалификации. Мораме да бидеме демократични и да овозможиме слободна агитација на секој политички субјект, без притисоци, без уцени и без купопродажба на живи луѓе.

Повеќе...

Македонија без нуклерка

DSC05352

ДОМ пред една недела во Собранието на Република Македонија ја поднесе Резолуцијата против изградба на нуклеарна централа во Македонија, со која се предлага да се спречат активности кои би довеле до состојби опасни по здравјето на луѓето и по животната средина, со можност да се уништи целата наша земја – рече во воведното излагање претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска на конференцијата под наслов „Македонија без нуклеарка“.

Повеќе...

Комората за мал бизнис со став на зелената економска програма на ДОМ

DOM zname

Комисијата за економија на ДОМ и Комора на мал бизнис ќе оддржат заедничка прес конференција, на која ќе ги изнесат заедничките видувања за Зелената економска програма на ДОМ.

Повеќе...

Поддршка за резолуција против нуклеарна централа во Македонија

DOM zname

ДОМ  заедно со невладините организации и граѓаните од Република Македонија, му предлага на Собранието да донесе резолуција против изградба на нуклеарна централа во нашата земја.

Повеќе...

ДОМ предлага итни мерки во туризмот пред новата сезона

DOM zname

ДОМ го внесе туризмот во владините приоритети, со што обезбеди агенција за промоција на туризмот и субвенции за странски туристи. Како резултат на тоа Македонија ја посетија големи групи од повеќе земји како Франција, Израел, Русија, Холандија. Сепак на туризмот му треба дополнителна поддршка за да обезбеди илјадници нови работни месста и добивка за бизнисот и за државата – рече Лилјана Поповска во воведот на прес конференција.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета