Прес конференции

ДОМ повикува на заеднички опозициски форум за менаџирање на кризата одвнатре

liljana popovska

ДОМ ги повикува сите партии и граѓански организации кои се учесници во антивладините демонстрации во најкус можен рок да седнат на заеднички опозициски форум, за менаџирање на кризата одвнатре. ДОМ се обраќа до учесниците на Платформата за демократска Македонија, групата центар-десни партии, како и до граѓанските организации од „Протестирам“.

Повеќе...

ДОМ: Фантомски соседи во избирачкиот список во Скопје и Пробиштип?

TONI pres

ДОМ го повикува ДИК на максимална ажурност и транспарентност, за да се прочисти избирачкиот список, за да може да се одржат избори на 5 јуни. Во таа насока даваме свој придонес со пријавување на редица скандалозни „грешки“ забележани од граѓани ширум Македонија. Ќе издвоиме само неколку најинтересни - во Скопје и во Пробиштип, за кои реагираа граѓаните, а што укажува дека непостојни лица се вградувани на постојни и непостојни адреси низ целата земја.

Повеќе...

ДОМ: Какво решение за бегалската криза?

2016.02.13 Foto DOM pres konferencija

ДОМ бара искрен одговор од македонското МНР за тоа какво решение договорило за бегалската криза. Јавноста треба да знае дали и каков договор е направен зад грбот на македонските граѓани, во чиј интерес и на чија штета?

Повеќе...

ДОМ: Поддршка за Карпошовци и итно носење на закон за зеленило

Press

ДОМ го поддржува граѓанскиот протест за сочувување на зеленилото во општина Карпош и бара локалната власт веднаш да ги повлече спорните детални урбанистички планови и да овозможи транспарентна јавна дебата. Бизнис интересите не смеат да бидат ставени пред правото на граѓаните на хумано живеење во здрава животна средина. Неразбирливо е како се дозволува натамошно уништување на зелените површини во услови кога Скопје е еден од најзагадените градови во Европа!

Повеќе...

ДОМ: Владата да прогласи вонредна состојба со загадувањето!

Press 08.12.2015 10 itni merki protiv zagaduvanje 001

ДОМ бара, Владата ИТНО за момент да ја остави предизборната кампања, да погледне на мерните инструменти за воздухот, да се распраша за бројот на заболени од респираторни и кардиоваскуларни болести и ДА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА СО ЗАГАДУВАЊЕТО! Ова е потег што Владата треба да го направи, а не одговорноста да ја префрла на локалните самоуправи. Македонските градови низ цела земја се нападнати од црн смог, од Битола, Кавадарци, Кичево, до Тетово и Скопје!

Повеќе...

Форум на жени на ДОМ: Треба да има квоти за најмалку 40% жени

DSC00438

Претседателката на Форумот на жени на ДОМ, Маја Морачанин, уште еднаш ја потсети јавноста дека ДОМ се залага за изборен модел со една изборна единица, отворени листи и 50% жени на избирачките листи. 

Повеќе...

,,Форумот на жени на ДОМ ја поддржува иницијативата за 40% жени во политиката“

IMG 20151006 130819

Форумот на жени на ДОМ ја поддржува иницијативата на Македонското Женско Лоби за зголемување на квотите за помалку застапениот пол, од сегашните 33% на 40%. Оваа иницијатива беше поддржана од претставничките на женските организации на политичките партии во Република Македонија, како и од госпоѓата Луиза Винтон-постојан координатор на ОН во Република Македонија, на конференцијата која минатата седмица се одржа во Скопје во организација на Македонското Женско Лоби

Повеќе...

ДОМ со писмо до ДИК да овозможи собирање потписи за Карпош 4 и во викенд

DOM zname

ДОМ поднесе писмо со барање до Државната изборна комисија, да овозможи собирање потписи на граѓанската иницијатива за Карпош 4 и надвор од вообичаеното работно време,односно до 20.00 часот, како и за време на викендот, на 26 и 27 септември 2015 година (сабота и недела).

Повеќе...

ДОМ: Една изборна единица за повисока култура на дијалог


2015.08.21 Soopstenie DOM Edna izborna edinica

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Како партија која со години се залага за промена на изборниот модел во една изборна единица и самостоен настап на партиите на избори, ДОМ изразува големо задоволство од позитивниот пресврт во преговорите на оваа тема. Очекуваме дека, по СДСМ и останатите три партии ќе го прифатат овој став и ќе покажат слух за барањата на граѓаните и потребата на државата за демократизација.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета