Прес конференции

ДОМ иницира Закон за заштита на зеленилото

VIDEO0042 0000064411

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ повторно предлага, серија мерки за заштита на постоечкото урбано зеленило и негово проширување: Владата да предложи Закон за зеленило, а доколку треба, спремни сме и да го подготвиме, според закони од Австрија, Германија и други земји каде постои ваква законска регулатива; Градот Скопје да ги прифати писмените забелешки за зголемување на зелените површини во ГУП-от, чие носење е во тек; Градот Скопје да ја реализира целосно идејата за зелен катастар, која веќе ја прифати; општина Центар да го прифати нашиот предлог стар 3 години, за подигање Парк на младенците, со што ќе се компензира барем делумно изгубеното зеленило, но и ќе се облагороди градот со нова содржина – ова се барањата кои и на прес конференцијата ги изложи портпаролот на ДОМ Тони Ристов.

Повеќе...

Цела Македонија на чистење во сабота. Активирај се!

PresChistaMakedonija

 

 

 

 

 

 

 

Година дена по иницијативата на ДОМ и Асоцијацијата од невладини организации „Ајде Македонија“, ќе се реализира големата акција за чистење на Македонија. На оваа акција и претходеше пролетната пилот-акција која се одржа на 21 и 22 април, при што учествуваа 1374 волонтери и беа собрани 1153 кубни метри отпад во 6 општини. На 6 октомври, учество ќе земат 40 општини од Република Македонија. Оваа акција не служи само за расчистување на отпадот во нашите заедници, туку и како настан кој ќе го поттикне локалниот активизам за справување со отпадот.

Повеќе...

Отстранување на велешките патарини 2012

MOV 0341

 

 

 

 

 

Општинската организација на Демократска обнова на Македонија Велес(ООДОМ - Велес) во насока на целосна поддршка на грѓаните од Велес и подобрување на условите за живот и застапување на интересот на граѓаните, во период кога е се поактуелен Коридорот 10, негово обновување и доградба, но и кога е се поактуелно издавање на патарините под концесија поведуваме иницијатива за отстранување на патарината на потегот Велес – Катланово и патарината Катланово – Велес, попознати како велешки патарини.

Повеќе...

Порака од Светскиот самит во Рио: земјоделството и производството на храна се клучен сектор за развој

Jasmina Leskarovska RIO

 

 

 

 

 

 

Не засегаат ли загрижувачките зборови на светскиот самит за одржлив развој и нас во Република Македонија? Го гледаме ли земјоделството и производството на храна како клучен сектор за развој во иднина, или сеуште го третираме како „вообичаен бизнис“. Статистика бележи засилен миграторен процес село-град, зголемено загадување на водите и продуктивните почви, исчезнување на агро-биодиверзитетот. Интензивното земјоделско производство бележи зголемување, но никој не ги следи напуштените ниви, изгубените сорти овошје и зеленчук кои се наше традиционално обележје, наше културно богатство, наш корен. Културата на храната со која се гордееме пред секој турист, гостин, патник, полека ја губи подлогата, бидејќи традиционалните специјалитети ги приготвуваме со увозни сорти домати, пиперки, боранија, кромид, лук итн – истакна Јасмина Лескаровска на прес конференцијата одржана по повод завршувањето на Самитот во Рио.

Повеќе...

Предлози на ДОМ за избор на градоначалнички

Lile press gradonacalnicki

 

 

 

 

 

 

 

Измена на Изборниот законик со квоти за градоначалнички, каде една третина од сите кандидати за градоначалници на една партија би биле жени по аналогија со постоечкиот систем на родови квоти на листите со пратеници и советници, кој дава одлични резултати во неколку изборни циклуси.

Повеќе...

ДОМ го поддржува Маршот за намалување на CO2

Hristina Mars za namaluvanje na CO2

 

 

 

 

 

 

 

ДОМ, ја дава својата целосна поддршка на граѓанската иницијатива на „Биди Зелен“ и Сојузот на Извидници на Македонија, „Марш за намалување на CO2“, кој ќе се одржи во петок на 22.06 со почеток во 10:30 часот, од плоштад Македонија до Старата железничка станица.

Повеќе...

Не можеме да изградиме постари и поубави објекти

Mustafa-Chelebi-dzamija2

 

 

 

 

 

 

 

Уривањето на делови од Мустафа Челеби џамијата во Струга, јасно укажува дека не се почитуваат законските одредби од Законот за заштита на културното наследство. Додека во светот се прават напори за да се заштитат објекти од минатиот век, ние ги уништуваме оние кои се изградени од пред неколку векови. На сите нам приоритет треба да ни биде заштитата и пренесувањето на културното наследство на идните генерации. Никако не можеме да изградиме постари и поубави објекти – истакна портпаролот Тони Ристов.

Повеќе...

Да престанат јавните лицитации со името

Toni Ristov1

 

 

 

 

 

 

 

 

Сведоци сме дека во Македонија повторно се распламтува жестока меѓупартиска борба, во која предмет на дискусии и кавга е името на нашата земја. Слушаме ладнокрвни јавни предлози за наше преименување, небаре се работи за брендирање на конзерва! – изјави на прес конференцијата портпаролот Тони Ристов.

Повеќе...

ДОМ поднесува закони за градски архитект

PresGradskiarhitekt

 

 

 

 

 

 

Во име на ДОМ како зелена партија, поднесувам 2  закона со кои се внесуваат поимите градски архитект и градски совет на архитекти, за градот Скопје и за уште 13 наши градови со над 30.000 жители. Со ова архитектите ќе го добијат важното место во општеството, во интерес на сите нас како граѓани и во интерес на нашата животна средина.

Повеќе...

Кампања за борба против дрогата

DOM zname

Во текот на 2011 година во јавните и приватните здравствени установи во Македонија со метадонска и бупренорфинска супституциона терапија се третирани околу 1600 пациенти или скромни 16% од оние на кои што тоа им е потребно. Тоа значи дека 84% или 8400 луѓе не се опфатени и претставуваат голем социјален и здравствен проблем – изјави Тања Ѓуковиќ претставник на Комисијата за здравство при ДОМ на прес конференцијата одржана по повод почетокот на кампањата.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета