lile

Почитувани,

Ве покануваме на пресконференција  која ќе се одржи на 17,05,2016 год. (вторник ) со почеток во 13:30 часот во просторитте на Централната канцеларија на ДОМ.

Пресот ќе го одржат  Европратеникот Бутикофер и претседателката на ДОМ Лилјана Поповска.

Бутикофер е член на Европскиот парламент од редовите на европската пратеничка група Зелените/Слободна Европска Алијанса и доаѓа од Германските Зелени. Воедно тој е и ко-претседател на Европската Зелена Партија.Во Европскиот парламент учествува во работата на комитетите за надворешни работи, човекови права и индустрија,истражување и енергија.

На пресконференцијата ќе се зборува за актуелната политичка состојба во Македонија и на Балканот и ќе бидат изнесени видувањата на Европските Зелени за демократските процеси во Македонија.

Пресот ќе се одржи во рамките на дводневната посета на Европратеникот Бутикофер на Македонија кој ќе оствари средби со раководството на ДОМ, министерот за надворешни работи Никола Поповски, претставникот на ЕУ во земјава и со претседателот на СДСМ  Зоран Заев  како и со граѓански организации.