IMG 20151006 130819

Форумот на жени на ДОМ ја поддржува иницијативата на Македонското Женско Лоби за зголемување на квотите за помалку застапениот пол, од сегашните 33% на 40%. Оваа иницијатива беше поддржана од претставничките на женските организации на политичките партии во Република Македонија, како и од госпоѓата Луиза Винтон-постојан координатор на ОН во Република Македонија, на конференцијата која минатата седмица се одржа во Скопје во организација на Македонското Женско Лоби

Форумот на жени на ДОМ, на 8 Март оваа година покрена иницијатива за 50% жени на изборните листи и доби поддршка од женските организации на неколку политички партии и невладини организации. Сметаме дека е праведно жените кои се половина од населението соодветно на тој процент да бидат застапени и во политичкиот живот. Тоа ќе доведе не само до остварување на правата на жените како човекови права, туку и искористување на потенцијалот на многу компетентни, високо стручни кадри, што ќе доведе до прогрес на општеството, во сите сфери на општествениот живот.

Апелираме до сите учесници во работната група за измена на Изборниот законик да ја поддржат оваа иницијатива.

 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета