DOM zname

ДОМ поднесе писмо со барање до Државната изборна комисија, да овозможи собирање потписи на граѓанската иницијатива за Карпош 4 и надвор од вообичаеното работно време,односно до 20.00 часот, како и за време на викендот, на 26 и 27 септември 2015 година (сабота и недела).

ДОМ ја поддржува оваа иницијатива и ги повикува своите членови, симпатизери, но и сите граѓани на Карпош да појдат да се потпишат во просториите на ДИК на ул. Стрезово бр.7 во Козле. Со тоа ќе се оспори носењето на скандалозниот Детален урбанистички план за Карпош 4, со кој се предвидува уништување на парковите и насилна урбанизација на населбата, спротивно на стандардите за здраво и хумано живеење.

Со оглед на тоа што собирањето потписи е предвидено ИСКЛУЧИВО во работно време од 8.30 до 16.30, практично СЕ ОНЕВОЗМОЖУВААТ ГРАЃАНИТЕ да ја изразат својата воља и да го остварат своето право. Имајќи ги предвид кусите рокови, бараме ДИК да покаже РАЗБИРАЊЕ и ДА ОВОЗМОЖИ собирање потписи во разумно време.

Убедени сме дека тоа е во интерес на граѓаните и на остварувањето на нивното граѓанско право на изјаснување за тоа во каква животна средина сакаат да живеат тие и нивните деца.

На прес конференцијата зборуваше портпаролот Тони Ристов

Со почит,

Сектор за односи со јавност на ДОМ

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета