DOM zname

ДОМ е против изградба на нуклеарна централа во Македонија. Но, даваме силна поддршка на иницијативата за изградба на Централа на гас во Скопје и апелираме до владата и сите надлежни институции, во иднина да ги поддржат ваквите проекти.

Сметаме дека тоа е високо ризичен потфат, за кој Македонија ја нема потребната техничко-технолошка култура и стручна екипираност, со кои ќе бидеме сигурни дека нашата земја ќе остане безбедна. Против сме бидејќи ова е исто како да сме си поставиле нуклеарна бомба во сопствениот дом. 
  
Просторно Македонија е премала за изградба на нуклеарна централа и за складирање на радиоактивниот отпад кој се јавува при процесот на производство на електрична енергија. Воедно на долгорочен план една ваква инвестиција е штетна за животната средина и со негативни влијанија по здравјето на луѓето.

Македонија решението за излез од енергетската криза треба да го бара во алтернативните извори на енергија: сончевата, енергијата на ветерот, гасот, хидропотенцијалот, биогоривата, геотермалната.

Македонија и Европа мораат да бидат ослободени од заканите кои со себе ги носи нуклеарната енергија. Европа бара нови извори на енергија и за таа намена има одвоено огромни ресурси за истражување и  искористување на нови видови енергија.
23.01.2008

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета