liljana slika

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска се обрати преку медиумите на јавноста, членовите и симпатизери на ДОМ и коалицијата „За подобра Македонија“ : „Сакаме да ги замолиме сите членови и симпатизери на ДОМ, поддржувачи на зелената граѓанска опција но и сите граѓани на Република Македонија, а се од различно верско, етничко, идеопошко потекло да и дадат поддршка на Коалицијата За подобра Македонија, бидејќи нуди солидна и издржана програма и тим кој е подготвен да одработи  за државата.“

ДОМ во овие две години имаше успешна соработка со оваа влада и реализираше повеќе проекти од нашите теми: туризам, екологија, културата, јазикот и традицијата, здравјето на жените, еднаквите можности за сите.ДОМ учествуваше во кампањата на две нивоа. Во централната кампања на Коалицијата и водеше самостојна кампања на теренот за да им се обрати на своите членови, симпатизењри и поддржувачи. Одржани се над 150 настани од типот на трибини, прес конференции, дебатни клубови, јавни расправи, предавања, акции на теренот (еколошки, младинската акција Слушај македонска музика) и други.Веруваме дека придонесовме со своето учество и да се слушне гласот на зелената опција со оглед на тоа дека оваа влада има слух за потребите и барањата на разни групи на граѓани.Веруваме дека коако и досега и отсега ДОМ ќе биде релевантен чинител во новата влада и ќе даде придонес и за владата и за Македонија, затоа што во политиката сме токму поради Македонија – заврши Поповска.

30.02.2008

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета