makstil-pres

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска и носителите на листите за советници од Град Скопје – Денко Скаловски, Бутел – Златко Јордановски и Гази Баба – Мирослав Богдановски, остварија средба со претставник на Макстил АД и притоа беше разговарано за проблемите со индустриското загадување од овој капацитет, како и за мерките кои ги превземаат во врска со тоа.

Средбата беше одржана по поплаките на граѓаните на Бутел и Гази Баба, а во врска со испуштањето на облаци од чад кои потекнуваат од кругот на Железарницата.

Одговорните во „Макстил“ не информираа дека претпријатието не работи веќе три месеци а ист одговор минатата недела добивме и при посетата на „Скопски легури“ , при што се наметнува потребата од изработка на катастар на загадувачи во кругот на поранешната Железарница за да се регистрираат „Фантомските“ загадувачи.

Ние од ДОМ сме категорично против пролонгирањето на роковите за примена на еколошките стандарди до 2019 година што ќе значи дополнителни 6 години загадување, и се залагаме за замена на македонските еколошки стандарди со европските кои се поригорозни од нашите.

Во контекст на роковите за воведување на еколошките стандарди предлагаме и државата да им помогне на големите загадувачи преку т.н меки кредити што во никој случај не ги иззема вложувањата од страна на соодветните субјекти.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета