izberi-zeleno-disi-slobodno

Од ДОМ изразуваме големо задоволство од бројот на добиени гласови на локалните избори 2013, кој изнесува 25000. Им благодариме на граѓаните кои покажаа дека им значи зелената опција и мирољубивиот пристап. Оваа е историска бројка за зелените во Македонија која охрабрува и задолжува. Отсега натаму ќе одиме со самостојни зелени листи на локални избори.

Од ДОМ изразуваме големо задоволство од бројот на добиени гласови на локалните избори 2013, кој изнесува 25000.

Им благодариме на граѓаните кои покажаа дека им значи зелената опција и мирољубивиот пристап. Оваа е историска бројка за зелените во Македонија која охрабрува и задолжува. Отсега натаму ќе одиме со самостојни зелени листи на локални избори.

Ова беа мирни и демократски избори. Изненади големиот одзив кој го крена цензусот за влес на советници и сеуште не знаеме колку точно наши советници влегоа во Советите на општините. Со сигурност знаеме дека се избрани за Град Скопје Денко Скаловски и Роберт Наумоски во Ѓорче Петров и други од Македонија. Нашите избрани советници ќе бидат дежурната еко патрола.

Изненади и големиот број на неважечки ливчиња, особено во Скопје, околу 6%. Ќе поднесеме приговори на повеќе места каде имаме индикации каде дел од неважечките ливчиња се однесувале на ДОМ.

Интегрален текст од прес конференцијата на која зборуваше Лилјана Поповска