dom-todorovik

ДОМ му дава поддршка на Владимир Тодоровиќ како кандидат за градоначалник за Центар, по претходно постигнат договор за следниве прашања:

1. Ревизија на донесени детални урбанистички планови во насока на замена на високи градби со зеленило, на локациите со катни гаражи
- кај Архитектонски факултет
- зад трговскиот центар Буњаковец и
- на Рузвелтова зад Рептил (два парка);
2. Ревизија на донесени детални урбанистички планови на Водно во насока на намалување на катноста;
3. Зголемување на парковските површини во Центар на 33.000 м2 со вкупно 21 локација, по примерот на Париз;
4. Редовна контрола на квалитетот на воздухот преку функционирање на постојната и поставување нови мерни станици, во соработка со Градот Скопје и Министерството за животна средина;
5. Рестриктивен режим на движење за возила што загадуваат во денови со гранични вредности на воздухот, односно формирање т.н. Зелена зона, по примерот на Берлин.

Претседателката на ДОМ Лилјана Поповска и Граданачалникот Владимир Тодоровиќ се согласија дека е потребна и законска регулатива која ќе овозможи полесно и поинтензивно спроведување на овие мерки. Притоа Поповска повторно потенцираше дека веќе се изработува закон за зеленило во соработка со Градот кој ќе биде поднесен во парламентот веднаш по изборите.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Службено лице за посредување со информации од јавен карактер:
Билјана Крстевска
тел. 071 344 544
e-mail: biljana.krstevska80@gmail.com

Социјални медиуми

Анкета