DOM LOGO

Демократската обнова на Македонија – ДОМ, како зелена партија, во согласност со основните заложби од Програмата за зелени општини ги повикува сите градоначалници и советници, избрани на Локалните избори 2013 да ја поддржат следнава:

ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА ЗЕЛЕНИ ОПШТИНИ 2013

Се согласуваме дека за поздрав и поквалитетен живот на граѓаните на Македонија треба да создадеме услови за ЗЕЛЕНИ општини по мерка на граѓаните преку:

 1.Доследно спроведување на Законот за животна средина и другите еколошки закони, прописи и акти, со ефикасни инспекциски служби заради:

- борба против сите видови загадување (воздух, вода, почва, бучава);

- одржливо управување со отпадот и водите;

2.Заштита и проширување на зелените површини, паркови и места за рекреација;

3.Заложба за естетски урбанистички решенија во склад со еколошки стандарди;

4.Подобрување на сообраќајот и јавниот транспорт според еколошки стандарди, со изградба на велосипедски и пешачки патеки;

5.Штедење енергија, примена на обновливи енергии и енергетска ефикасност во јавниот и приватниот сектор;

6.Отворање зелени работни места и зелени бизниси во општините;

7.Подобри услови за престој и згрижување на децата и постарите лица и вклучување на лицата со посебни потреби и другите маргинализирани групи во сите текови на општественото живеење;

8.Чување на разновидноста и автентичноста на природното и културното наследство;

9.Современ и хуман третман на бездомните животни според светските стандарди;

10.Подигање на јавната еколошка свест преку едукација на локалните општински служби, бизнис секторот и граѓаните.