Плочата на градот - колумна на Бојан Петровски претседател на МОДОМ
- Детали
- Објавено: Вторник, 16 Март 2021 13:33
Градот убав пак ќе никне. Скопјани се горди на овие стихови, ги потпевнувавме како деца, ги користиме како возрасни. Главниот град бил синоним на зеленило и квалитетен урбанизам, барем така ми кажувале родителите. Преку 2000 велосипеди “закачени“ пред Градскиот стадион пред натпревар, по натпревар сите во Градски парк, на дружење. Скопје може да се пофали и со импресивни архитектонски дела, говорам за поштата, студентскиот дом Гоце Делчев, просторот на УКИМ и многу други. Главното прашање што треба да си го поставиме е што е тоа планирање на просторот? Не треба да си архитект или премногу стручен за да си одговориш, логично е. Хумано планирање на просторот е одржлива и функционална инфраструктура, плански изградени објекти со пропишани параметри и нормални, зелени површини. Што се случува со градов? Каде е зеленилото од сеќавањата на повозрасните и каде е планирањето на просторот што го говорат експертите?