Кампањи

Милчо Смиљанов, советник во Општина Штип - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Milcho Smiljanov

Во изминатиов период заедно со невладино еколошко друштво спроведовме акција за пошумување на автохтоно дрво бела топола и бела врба. На моја иницијатива неколку руинирани и девастирани зелени површини беа обновени, издејствував и зголемување на буџетот за заштита на животната средина. Во периодот што следи насочен сум кон реализација на неколку важни и крупни проекти за Општина Штип, перманентна и посветена работа на целиот совет за изградба на нова современа депонија која ќе биде лоцирана во Свети Николе, со што ќе се реши прашањето за чистота и хигиена во градот.

Повеќе...

Јован Ковачовски, советник во Општина Берово - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Jovan Kovacovski

Моја заложба во 2018 година е на сите ученици во Општина Берово кои освоиле прво место на државен натпревар да им се доделат по 5000 денари парична награда. За 2019 година ќе се залагам веднаш да се прекине истражувањето за отворање рудник за бакар и злато во малешевијата во близина на селото Двориште, ќе продолжам да се залагам за решавање на проблемите на локалното население, подобрување на образованието, како и за екологијата, туризмот, социјалната правда и др.

Повеќе...

Елизабета Сурлаџија, советник во Општина Прилеп - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Elizabeta Surladzija

Елизабета Сулраџија, советник во Општина Прилеп: Се залагав за поставување на мерна станица за загадување на воздухот и истата беше поставена во декември. Ќе се залагам да се направи попис на сите зелени површини и дрва во општината, како и чистење на коритото на градската река.

Повеќе...

Љупчо Јаневски, Директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Ljubco Janevski 

Она што го одбележа 2018 година е 1.2 милиони туристи, 3,2 милиони ноќевања и 380,5 милиони долари девизен прилив. Со новите сегменти на рекламирање и зголемување на атркциите во нашата земја, во 2019 година очекуваме 1.3 милиони туристи, 4 милиони ноќевања и 400 милиони долари девизен прилив.

Повеќе...

Ана Петровска, Државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Ana Petrovska

Мојот тековен фокус е борбата за изградба на првата санитарна регионална депонија што треба да се гради во околината на Свети Николе. Ова е исклучително важен еколошки проект кој што ќе значи и развој и заштита на животната средина во Источниот и Североисточниот плански регион.

Повеќе...

Развигор Кабранов, советник во Општина Кавадарци - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Razvigor Kabranov

Минатата година по моја иницијатива беа одделени еден милион денари за печки на пелети, кои беа поделени на 120 семејства. Активно учествувам во изработка на новиот петгодишен ЛЕАП, со кој ќе се утврдат загадувачите и ќе се преземат мерки за решавање на овој проблем. Во тек е изработка на стратегија за селектирање на цврстиот комунален отпад што треба да биде бесплатна, како и стратегијата за искористување на плинот. 

Повеќе...

Дијана Јосифовски, советник во Општина Делчево - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Dijana Josifovski

Во текот на изминатата година приоритет ми беше мапирањето и чистењето на диви депонии. Вториот приоритет во нашата општина е туристички развој на Голак, како и поставување на урбана опрема на сите туристички места. За Општина Делчево да остане чиста и незагадена, оваа година ќе продолжиме со поголема енергија за повидливи резултати.

Повеќе...

Светлана Станоковска, советник во Општина Пробиштип - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Svetlana Stanojkovska

Како советник во 2018 година се борев против отворањето на Челичарницата и ќе продолжам да се борам и во наредната година. Водевме и заедничка битка против рудниците со отворен коп. Шансата ја гледам во примената на Законот за минерални суровини што го поднесоа нашите пратенички од ДОМ, а со кој се забранува употреба на цијаниди и сулфурна киселина во рудниците со отворен коп. Дадов и предлог за зелен катастар и катастар на загадувачи, што беше прифатено од страна на градоначалникот, и се надевам ќе се реализира во текот на оваа година.

Повеќе...

д-р Сретимир Николовски, советник во Општина Крива Паланка - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Sretimir Nikolovski

Моите приоритети во 2018 беа замена на старите азбестно-цементни водоводни цевки, што е и реализирано и наскоро водоводот ќе биде пуштен во употреба. Исто така се залагав за чистење на неколку диви депонии во околината на градот. Како доктор и советник, поборник сум за зачувување на хигиената во градот, поставување на нови контејнери и уредување на просторот околу нив. Оваа година ќе се заложам за озеленување на околината на градот, како и за приклучување на Крива Паланка во гасоводниот систем, кој поминува во близина на градот.

Повеќе...

проф. д-р Бети Дејанова, советник во Општина Центар - Зелени приоритети на советниците на ДОМ

Zeleni prioriteti na sovetnicite na DOM Beti Dejanova

Активен поборник сум на запирање на градежните активности во општината и нивно преиспитување согласно ГУП-от, како и за почитување на Законот за урбано зеленило кој предвидува минимум од 20% по градежна парцела. Во 2019 ќе се заложам за поголем ангажман на инспекциските служби, за построга контрола на комуналната хигиена и спроведувањето на мерките против загадувањето, како и санкционирање на нивното непочитување, а се со цел за заштита на животната средина и за поквалитетен живот на граѓаните.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr