Интервјуа

Љупчо Јаневски од ДОМ, директор на АППТ: Папата Франциск ќе нѝ донесе повеќе туристи и над 400 милиони долари

DSC 6013 1024x701

Посетата на папата, промоцијата, брендирањето на нашата држава и новите авионски линии кои се планира да се воспостават до 2020 година ќе го зголемат интересот на странските туристи за Македонија. Се очекува годинава број на ноќевања да достигне 4 милиони, а девизниот прилив над 400 милиони долари.

Повеќе...

Интервју со Љупчо Јаневски од ДОМ во емисија И што сега на МРТ

Ljupco Janveski

Подигнати чартери за оваа сезона Измир-Скопје, Македонија земја партнер на саемот за туризам во Загреб Place2Go во 2019. 
Во најава линија Загреб- Охрид за 2020 и зголемен капацитет за Загреб-Скопје за 2019 година од Croatia Airline. 
За прв пат Македонија,Србија и Црна Гора на саемот ITB ASIA во Сингапур ќе се престават како една балканска дестинација. 

Повеќе...

Поповска: Некого го чешаат рацете за иловичкото злато

popovska9 860x680

На темата рудници и нивна здрава алтернатива, како и за битката на струмичките екологисти против рудникот Иловица, „Мета“ разговараше со пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Повеќе...

ДОМ останува ДОМ–Демократска обнова на Македонија

Liljana Popovska crveno palto

Промена на име на партија? НЕ, нема таква обврска. Според Договорот секоја држава си ги користи Македонија и македонски, имајќи ја на ум својата територија. Приватните ентитети си ја користат придавката македонски, а тоа важи и за партиите и невладините, кои се дел од граѓанското општество. Апсурдно е да се исфрли М од ДОМ, зашто ќе се изгуби акронимот, кој значи „дом“ во смисла на државата и Планетата Земја, за кои како зелена партија треба да се грижиме. Земјата како наш дом е дел од еколошката идеологија!

Повеќе...

Со децении имаме лабораторија за борба со аерозагадувањето, но не сме ја акредитирале

 ana

Иако постои повеќе уште од 1980 година, Централната лабораторија во составот на Министерството за животна средина нема статус на акредитирана национална лабораторија.

Повеќе...

Интервју на „Лидер“ со Лилјана Поповска: Македонија не е Индија, загадувањето може да се реши!

popovska 1

За да не биде Македонија гасна комора потребни се сериозни буџетски суми за еколошка трансформација, вели пратеничката и гласниот борец за ,,зелена опција”, Лилјана Поповска во неделното интервју за Лидер.

„Не можеме да бидеме задоволни од резултатите, потребно е многу повеќе“, вели Поповска во интевјуто во кое говори на актуелната тема ,,загадувањето”, како државата треба да се справи со него, а нуди и детелни  системски решенија.

Повеќе...

Интервју со доцент д-р Ана Угринска од ДОМ, директорка на ПЕТ Институтот: Современа дијагностика за болните од рак

Ana Ugrinska na rabotno mesto

Доцент д-р Ана Угринска, специјалист по нуклеарна медицина и наставник на Медицинскиот факултет во Скопје по патофизиологија и нуклеарна медицина, од пред шест месеци е назначена за директор на Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија (ПЕТ – Институт) и е посветена на  унапредувањето на дијагностичкиот пристап во полза на болните со малигни заболувања  и на унапредување на нуклеарната медицина кај нас

Повеќе...

Потпретседателот на ДОМ, Мирослав Богдановски: Ќе ги ловиме дивите откупувачи на суровини, заради нив се палат кабли и отпад

Miroslav Bogdanovski Intervju Meta

Шест месеци откако директно од Државниот инспекторат за животна средина дојде на чело на Градскиот инспекторат, се чувствува раздвижување посебно кога се работи за инспекции на помалите загадувачи. Со првиот човек на Градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски, зборуваме за предизвиците, за алатките во борба против загадувачите, за социјалната димензија на загадувањето.

Повеќе...

Проф. д-р Бети Дејанова, советничка во општина Центар од ДОМ: Сите сме интоксицирани како да работиме во индустрија со олово

Beti Dejanova 360 stepeni 1

На вонредната седница на советот на општина Центар одржана на 24.01.2019, советничката од ДОМ Бети Дејанова истакна:

„Професор сум на Факултетот за медицина, повеќето од вас знаете. Прв пат се случува после 30-годишно работно искуство, случајно во лабораторијата каде што испитуваме интоксикација на лица, да добиеме 90 отсто од студентите дека се интоксицирани со цијаниди, односно роданиди во плунка. Ова не се случило последниве 30 години и можам да кажам за мене е ова алармантно. Сите се студенти од Скопје значи тука живеат и можам да ви донесам слики, бидејќи ги сликав сите епрувети и не ми се верува - како да работат во индустрија со олово. Сите добија такви вредности“.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета