Лидерката на зелената партија ДОМ и пратеничка Маја Морачанин за зелените политики
- Детали
- Објавено: Сабота, 13 Март 2021 11:28
„За секоја земја и нација од огромно значење е зачувувањето на документацијата, особено на онаа што се однесува на нејзината историја, култура, традиција и се она што е белег и го карактеризира националниот идентитет“, истакна во интервју за „Локално“, директорот на Државниот архив на С.Македонија, Емил Крстески.
Крстески посочува дека во депоата на Државниот архив се наоѓаат многу значајни документи што се однесуваат на нашето минато. Имаме, како што вели, документи, писма и други материјали од познати наши илинденци, просветители и писатели, општествени дејци, како и оригинални документи од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности. Тие сведочат за нашата историја, за нашето минато и се несоборливи факти за многу настани и личности.
„Министерството за животна средина и просторно планирање даде придонес во изработката на Планот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион и Стратегиската оцена на животната средина. Како една од поважните мерки во Планот за управување е предвидено донесување на план за крајбрежјето“, посочи во интервју за „Локално“, заменик министерката за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.
„Блокирањето на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, од страна на бугарската влада е спротивно на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан од двете држави во 2017 година и спротивно на Одлуката за почеток на преговорите, донесена едногласно од сите земји членки на ЕУ, во март годинава“, вели претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, во интервју за „Локално“.
По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, во Собранието на Република Северна Македонија во соработка со Националната мрежа против хомофобија и трансфобија пред неколу дена беше конституирана Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето. Прв пат оваа група беше формирана во мандатот на претходниот парламентарен состав.
– Агенцијата за промоција и подршка на туризмот (АППТ) бара од Комисијата за заразни болести и од Министерството за здравство да донесе посебни протоколи кои ќе овозможат отворање на домашните ски – центри, а во понеделник, на состанок на Координативното тело, се очекува сите комори, здруженија и асоцијации да дадат дополнителни предлози за ублажување на корона-ударот. Предлог-мерки, среднорочни и долгорочни, ќе изнесат и АППТ, како и Министерството за економија.