egp lile

На годишното собрание на Европските зелени што се одржува од 24 – 26 ноември во Карлштад, Шведска, учествува и делегација од ДОМ , во состав: пратеничките Лилјана Поповска и Маја Морачанин,како и советниците од Градот Скопје и општина Ѓорче Петров - Христа Најданов и Бојан Петровски.

Главни теми на собранието се мерките за успешна примена на договорот од Париз за климатските промени и визијата за зелена Европа, базирана на демократија, социјална правда, чисти технологии и одржлив економски развој . Целта е да се создаде општество на благосостојба и еднакви можности за слободни и креативни граѓани.

На состанокот на Балканската зелена мрежа ДОМ иницираше заедничка борба против загадувањето од рудниците кои работат со опасни технологии, употребувајки цијанидни раствори и сулфурна киселина, кои трајно ги загадуваат водите и почвата. Сите присутни балкански зелени партии ја прифатија иницијативата затоа што се сретнуваат со истите проблеми и во своите земји.

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин 

Социјални медиуми

Анкета