modom logo

Младинската организација на ДОМ (МОДОМ) беше формирана на 16 април 2006 година на основачко собрание.

Статутарни тела на МОДОМ се:
- Собрание
- Претседателство
- Централен одбор
- Извршен одбор и
- Надзорен одборДо сега МОДОМ организирал четири изборни собранија на:

  • 3 август 2008 за претседател беше избран Џунејт Мусаи,
  • 2 декември 2012 за претседатека беше избрана Симона Сарделиќ 
  • 29 март 2015 кога МОДОМ за прв пат одбра Претседателство од 5 члена.

Со текот на годините ги изгради своите капацитети и создаде национална мрежа од 23 општински организации. На меѓународно ниво МОДОМ од 2012 година е организација - членка на Мрежата за развој и соработка на Источна Европа (ЦДН). ЦДН е мрежа на младински организации и е посветена на развој и имплементација на зелената агенда МОДОМ веќе во два последователни мандати, во 2013 и во 2014 година имаше свој член во Извршниот одбор на ЦДН. Од јуни 2015 година МОДОМ е кандидат-членка на Федерацијата на младите европски Зелени, официјалниот подмладок на Европската партија на Зелените.MOДOM е една од организациите, основачи на Националниот младински совет на Македонија и е претставена со член во Управниот одбор. Младинскиот совет се состои од 60 организации членки, младинските невладини организации, невладини организации за млади и подмладоци на политичките партии.

Во моментов во МОДОМ функионираат 5 работни групи и тоа:

  • за млади и образование
  • за екологија и отпад
  • за недискриминација и човекови права
  • за организациски развој
  • за меѓународна соработка и соработка со НВО и политички подмладоци
 

Одбери јазик

mkendefrsqtrsr

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

 ул. Никола Вапцаров 18/1 1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Лилјана Поповска  e-mail: liljana4@t-home.mk
тел: 02/5112-900 02/3224-150

Портпаролка: Маја Морачанин e-mail: maja.moracanin@dom.org.mk
тел: +389 75 61 81 93

Социјални медиуми

Анкета