Активности

МОДОМ на првиот регионален состанок на Зелените

MODOM vo Albanija

МОДОМ од 20-ти до 25-ти Јануари 2012 беше учесник на првиот регионален состанок на младите Зелени партии и невладини организации од Југоисточна Европа во Албанија, кој се одржа со подршка од Мрежата за развој и соработка во Источна Европа (CDNEE) и Федерацијата на младите европски Зелени (FYEG). Учесници од МОДОМ беа Симона Сарделиќ и Марија Михајловска, а покрај нив имаше уште 28 млади луѓе од регионов и еден од Канада. Покрај Македонија, преку своите, млади активисти беа преставени и Србија, Хрватска, Романија, Турција и секако домаќинот Албанија.

Повеќе...

МОДОМ на Летен камп на Зелените во Белорусија

MODOM vo Belorusija

Христина Стојменовска беше преставник на МОДОМ на Летниот камп 2012 на ЦДН во Белорусија на тема "Зелени перспективи на европските вредности: Мисија, визија и теми". Покрај преставникот на МОДОМ на овој настан учествуваа 60 млади активисти од 24 земји.

Повеќе...

Младите на ДОМ нудат решенија за работни места во Крива Паланка

MODOM vo KP

Денеска во Крива ПаланкаМОДОМ одржи обука за кампања како дел од припремите за избори. На оваа обука земаат учество над 80 учесници од Младинската на ДОМ во Крива Паланка, но и од околните општински младински организации на ДОМ.

Повеќе...

Младите на ДОМ со барања за намалување на загадувањето на воздухот во Битола

MODOM vo Bt

МОДОМ активно зема учество во борбата за намалување на загадувањето на воздухот. Ние ги предлагаме следните 3 мерки кои треба да се донесат на национално ниво, а ќе имаат ефект врз воздухот во Битола.

Повеќе...

Младите на ДОМ бараат воведување на предмет екологија во образовниот процес

Baze

По повод Светскиот ден за образование за заштита на животната средина, 26јануари, Младите на ДОМ бараат Бирото за развој на образованието (БРО) да го воведе предметот екологија во образовниот процес, и во основното и во средното.

Повеќе...

МОДОМ го поддржува „Маршот со маски против загадувањето“

Mars protiv zagaduvanjeto

МОДОМ, ја дава својата целосна поддршка на граѓанската иницијатива на „Гоу Грин“, која под мотото „Марш со маски против загадувањето“ има за цел намалување на загадувањето.

Повеќе...

Посилен глас за политичките подмладоци!

Tribina Posilen glas

Младинската организација на Демократска обнова на Македонија (МОДОМ) денес организираше трибина на тема „Посилен глас за политичките подмладоци!“. Гости на трибината беа членовите на извршниот одбор на Мрежата за развој и соработка на Источна Европа (ЦДНЕЕ), мрежа на организации на младите Зелени. На трибината претставуваа преставници на УМС ВМРО ДПМНЕ и НСДМ, Институтот за економски стратегии и меѓународни односи Охрид,Националниот младински совет (НМС)НВО-и и Агенцијата за млади и спорт.

Повеќе...

МОДОМ започнува со кампања „Посилен глас за политичките подмладоци“

Pokana Posilen glas

Младинската организација на Демократска обнова на Македонија (МОДОМ) на 14.12.2013 (сабота) во галерија „КОРА“, со почеток од 12:30 часот организира трибина на тема „Посилен глас за политичките подмладоци!“.

Повеќе...

Дебата и предавање на тема „Како до образование кое ќе ги поттикнува креативните и критички способности?“

MODOM logo

Почитувани, Работната група за млади и образование на МОДОМ Ве поканува на гледање две видео-предавањa од познатиот едукатор Кен Робинсон: How Schools kill creativity и How to escape education’s death valley, со дебата на тема - „Колку образованието придонесува да се слушне гласот на младите во македонското општество и како до образование кое ќе ги поттикнува креативните и критички способности?“.

Повеќе...

Одбери јазик

mkendefrsqtrsrnl

Пребарување

Контакт

ДЕМОКРАТСКА ОБНОВА НА МАКЕДОНИЈА - ДОМ 

ул. Даме Груев бр.5, зграда 1, влез 2, кат Мезанин
1000 Скопје, Република Македонија

Телефон 02/5112-900

Фах.        02/5112-900

e-mail: dommakedonija@yahoo.com

Претседателка: Маја Морачанин  
e-mail: m.morachanin@yahoo.com
тел: 02/5112-900 02/3224-150 

Социјални медиуми

Анкета